Вести

  • Македонија 19.12.2013 16:14

    Метео

    И во петок голем дел од земјата ќе ужива во сончево време, а сепак голем дел од населениете ќе се справува со маглата... каде? гледајте метео со ГМ 

  • Македонија 19.12.2013 16:12

    Полицијата расчисти три инциденти

    СВР Скопје  расчисти уште три инциденти во кој актери биле малолетници. 5-мина заработија кривична пријава. Првиот е инцидентот што се случи  во  кругот на училишниот двор на СУГС “Арсени Јовков“, каде што двајца ученици од втора година физички нападнале ученик и му нанесле повреди по телото.

  • Свет 19.12.2013 16:03

    Во Боливија полицијата тепа деца што бараат работа

    Дојдоа со играчки во рацете, но беа пречекани со пендреци. 150 деца се судрија со боливиската полиција пред Парламентот во Ла Пас. Протестираа против измените на законот за труд – забрана за работа на деца помали од 14 години.

  • Свет 19.12.2013 15:24

    Построги ЕУ мерки за цигарите и тутунот

    Членките на Европската унија со Европарламантот постигнаа договор за нова директива за тутунските производи што предвидува поголеми предупредувања за опасните последици на  пушењето .

  • Македонија 19.12.2013 14:43

    Во Центар, Ректорат, Карпош и Тетово и дишат најзагаден воздух

    Според мерните места и апаратите на Факултетот за Информатички науки и компјутерски иновации (ФИНКИ), и денеска најзагаден е воздухот во Скопје.

  • Свет 19.12.2013 14:40

    Прес на Путин со 1.300 новинари

    Рускиот претседател Путин на деветтиот годишен медиумски маратон на прашања и одговори, разговара со 1.300 новинари и сниматели од земјата и целиот свет. Главната тема, очекувано, е Украина.

  • Македонија 19.12.2013 14:25

    Полицијата доби 6 скутери

    Македонската полиција доби 6 скутери,  донација на  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата . Сообраќајната полиција, пред се, во Скопје, ќе биде помобилна и побрзо ќе одговара на задачите.

  • Македонија 19.12.2013 14:03

    Радост и светлина во домот на Китановски

    Радост влезе во домот на 15-членото семејство Китановски. По сторијата на Македонската телевизија, надлежните  со конкретна помош. Преку проектот Топол дом,  обезбедени кревети, телевизор и друга покуќнина. Ќе има и храна и облека. Се исполни желбата и на најмалиот Дамјан.

  • Свет 19.12.2013 13:38

    Принудна вселенска прошетка

    НАСА издаде наредба за итна, принудна  прошетка на екипажот во вселената поради поправка на системите за ладење во Меѓународната вселенска станица, пренесува Би-Би-Си. Поради пумпата за разладување, космонаутите ќе мора три пати да излегуваат од станицата.

  • Македонија 19.12.2013 12:54

    На терен со трудовата инспекција

    Тетово е меѓу градовите во кои важат владините мерки за заштита од атмосферската загаденост. Трудовите инспектори за безбедност и здравје при работа секојневно се на терен. На утринскиот состанок беше договорено да се изврши контрола во компаниите кои веќе биле опоменати.

Pages