Трговијата и нивното користење се усогласуваат со европските регулативи, и се менува практикатa на несоодветен третман на арското ѓубриво.
Внимателно со арското ѓубриво.
Каде и како ќе се складира и користи ќе биде прецизно одредено.
Трговијата и нивното користење се усогласуваат со европските регулативи, и се менува практикатa на несоодветен третман на арското ѓубриво.
Внимателно со арското ѓубриво.
Каде и како ќе се складира и користи ќе биде прецизно одредено.
Уапсени се четири лица осомничени за шверцување дрога, наменетa за западно-европските пазари. Запленети се и над 100 килограми марихуана .Ова е резултат на вчерашната акција на полицијата во Велес каде што се приведени три лица, како и едно во Скопје.
Дрвокрадците прават вистински пустош во прилепско. Без страв од никого, на сред бел ден, одат во групи по 20-тина луѓе и бесправно се сечат илјадници кубици на дрва.
Сахип Русеми е лимар веќе 45 години. Вели дека толку време со својот занает го храни осумчленото семејство. Но сега, иако е полесно да се работи поради техниката, нема кој да го наследи. „ Младиве не сакаат никако, 5 години ни еден не дојде да ми рече да работи како чирак “ изјави Русеми.
Прекрасното портокалово зајдисонце над европските метрополи не е пофална разгледница. Над 90 проценти од европските градови се изложени на загадување над дозволеното од Светската здравствена организација. Најново предупредување – смогот убива дури и на безбедни нивоа.
Малиот Дамјан има само пет години ,тој е единаесетото дете на семејството Китановски од скопски Припор . Пакетче за Нова Година е неговата единствена и најголема желба, но неговите потреби сепак се многу поголеми.
Државната изборна комисија е надлежна за водење на регистарот на избирачи, од каде се вади избирачкиот список, но, нема доволно ресурси за тоа без надворешна подршка. Со ваква проценка излезе ОБСЕ/ОДИХР во извештајот по направената сондажа во септември.
МТВ со еко-инспекторите кои тргнаа во лов на загадувачите. Вонредна инспекција во Цементарницата Усје, капацитетот кој ја поседува потребната А-дозвола за усогласување со оперативниот план. Се проверува примената. Не пречекаа менаџерите. Главниот инспектор им соопшти што се бара од нив.
Кипарската европратеничка Антигони Пападопулос во пратеничко прашање до Европската Комисија, ја обвинува Македонија за кршење на Времената спогодба, користејќи ги исклучиво изјавите на Ивон Величковски од Либерална Партија, неодамна изнесени од собраниската говорница.
Историска средба меѓу претседателите на Украина и на Русија, Јанукович и Путин. Заемот тежок неколку милијарди долари за спас на Украина од економска катастрофа, намалување на цената на гасот и стабилизирање на односите меѓу двете земји во врвот на агендата на двајцата шефови.