Ги исполнија најстрогите критериуми и влегоа во академијата. Тринаесетмина се од првата генерација судии и јавни обвинители кои според новиот закон ќе се регрутираат за македонските судови и обвинителства. Дадоа свечена изјава пред највисоките претставници на судската и на извршната власт.
Вести
-
Македонија 11.12.2013 19:17
-
Македонија 11.12.2013 19:09
Новогодишен базар на рачни изработки
Штитови, шлемови, накит со антички мотиви - Иван Маринков со рачна изработка на предмети се занимава 7 години. Вели, луѓето ги сакаат затоа што се уникатни. Tрадицијата во семејствотое 100 годишна...Изработката воопшто не е тешка ако има љубов,раскажува Иван.
-
Македонија 11.12.2013 16:31
Унапредување на македонско - хрватската соработка
Министрите за здравство на Македонија и на Хрватска, Никола Тодоров и Рајко Остоиќ, во Загреб потпишаа план за соработка кој опфаќа специјализација на македонски лекари и организација за трансплантација на органи од кадавер.
-
Свет 11.12.2013 15:45
Новини во сексуалното образование во ЕУ
Во извештајот се бара задолжително сексуално образование за сите деца од нивната прва година.Таму е запишано дека децата од најрана возраст ќе учат за уживање и задоволство кога го допираат сопственото тело, за семејните односи како и правото да се истражуваа
-
Култура 11.12.2013 15:10
По енциклопедијата, ново монументално дело
Пет години тим од 26 автори работеше на четиритомниот колосален труд “Македонија-милениумски културно-историски факти”.
-
Македонија 11.12.2013 14:52
Метео
Утре во Македонија очекуваме сончево и ведро време со слаб до умерен северен ветер.Утрото ќе биде студено,а во текот на денот дневната температура ќе бележи благ пораст во однос на денешната.
Гледајте метео со Наташа Алексоска.
-
Македонија 11.12.2013 14:51
Донација за опожарените во Циглана
120 ќебиња, пакети со храна, средства за лична хигиена, донација од Дирекцијата за заштита и спасување за семејствата на кои викендот домовите им се претворија во пепел во Општина Бутел. Ќе има дополнителна помош за оние кои за неполни 15 минути останаа без покрив над главата.
-
Свет 11.12.2013 14:40
Се урна покрив на банка во Москва
Во Москва се урна покривот на зградата на „Руската индустриска банка“. Затрупани се десетици луѓе, веќе е јасно дека има многу загинати.
Во потрагата по преживеаните се ангажирани над 10 спасувачки екипи.
-
Свет 11.12.2013 14:28
Големо снежно невреме во САД
Големото снежно невреме што го зафати источниот брег на САД ги затвори владините установи во Вашингтон и училиштата во повеќе градови. Иако не беше силно, како што се очекуваше, голем број летови беа откажани или одложени.
-
Македонија 11.12.2013 14:04
Критики во Грција- солунскиот градоначалник пред банер со уставното име?!
Поголем дел од грчките медиуми без коментари и до најмал детаљ информираат за вчерашната посета на солунскиот градоначалник Јанис Бутарис на Скопје.


