Вести

  • Култура 16.12.2013 16:14

    Премиера на мјузиклот„Пенелопе икс“

    По една деценија без  нов мјузикл, повторно танцување, збор и музика.  Хомеровите Пенелопа и Одисеј се драмската предлошка врз која работел композиторот Коџабашија. Автор на текстот е Венко Андоновски.

  • Македонија 16.12.2013 16:06

    14 Сообраќајки викендов

    Екипите на Итната медицинска помош во Скопје за време на викендот интервенирале кај 14 сообраќајни несреќи со 21 повредено лице. Ова е зголемен број од вообичаеното затоа што во текот на работната недела просечно интервенираат кај 2 до 3 сообраќајки.

  • Македонија 16.12.2013 16:04

    Метео

    Мал пад на температурата денеска. Продолжува ли трендот на заладување или пак повторно топли декемвриски денови се пред нас?

  • Македонија 16.12.2013 16:02

    Бизнисот се вклучува во интеграцијата на лицата со инвалидитет

    Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, денеска потпишаа меморандум за соработка.
  • Македонија 16.12.2013 15:39

    Трипати повеќе средства од „Еразмус“

    Зa да се стигне до европски пари патот не е тежок. Нема посебни критериуми, важно е добро да се владее програмата, да се препознаат приоритетите кои се дадени од Европската Унија и проектите да  содејствуваат со стратегиските планови кои се веќе посочени како битни да се развијат.

  • Македонија 16.12.2013 15:32

    Разузнавачот Богоевски заработи две години затвор

    Со уште петмина обвинети незаконски продавале градежно земјиште. На двегодишна робија се осудени и адвокатот Владимир Пешликовски и претставникот на „Меркатор“ Митја Валиќ којшто е во бегство.

  • Македонија 16.12.2013 15:29

    Од 19 декември се намалуваат цените на лековите на позитивната листа

    За пациентите ќе бидат достапни 21 генерички лек  без доплата. Наменети  се за 15-ина заболувања и состојби, како на пример за дигестивни нарушувања, кардиоваскуларни заболувања, за тироида, антиревматски заболувања, аналгетици, антибиотици, антиинфективи за гинекологија и др. 
  • Економија 16.12.2013 15:23

    Ќе се градат 30–ина винарии, се продава државен имот

    На 31 локација ќе се градат винарии. Државата распиша објава за отуѓување градежно неизградено земјиште по пат на електронско наддавање. Во Кавадарци се продаваат три градежни парцели, во Неготино 17 , а во Росоман 11 парцели. Почетната цена е 61 денар за квадратен метар.

  • Култура 16.12.2013 15:14

    Новогодишен концерт и за најмалите

    На 21 декември во Салонот на МОБ со почеток во 12 часот Македонската филхармонија ќе го одржи Новогодишниот концерт за деца.
  • Култура 16.12.2013 15:12

    Македонската Филхармонија со новогодишен концерт

    Традиционалниот Гала новогодишен концерт на Македонската филхармонија ќе се одржи на 26 декември во Салонот на МОБ со почеток во 20 часот. 

Pages