Американскиот претседател се надева дека војната во Украина ќе биде решена пред Киев да има потреба од ракетите „Томахавк“. Време е да запре крвопролевањето и да се постигне мировен договор, му порача Трамп на Зеленски по состанокот во Белата куќа. Истата порака му е упатена и на Путин.
Вести
-
Свет 18.10.2025 12:22
-
Македонија 18.10.2025 11:34
Комисија во Јавното обвинителство ќе ги следи евентуалните нерегуларности поврзани со кривични дела против изборите и гласањето
Привремена комисија во Јавното обвинителство ќе ги следи евентуалните нерегуларности, поврзани со извршување кривични дела против изборите и гласањето и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите.
-
Свет 18.10.2025 11:06
Хамас го предаде телото на уште еден заложник
Хамас на Црвениот Крст му предаде останки на уште еден заложник. Израелските власти досега примија девет од вкупно 28 тела на заложници. Од Хамас тврдат дека процесот е забавен поради „технички потешкотии“ и недостиг на тешка механизација потребна за ископување на телата од урнатините.
-
Македонија 18.10.2025 10:32
Денеска гласаат затворениците, болните и немоќните
Први денеска гласаат болните и немоќните, лицата во старските домови, затвореници и лицата во притвор.
Пријавени се околу 9 илјади болни и немоќни, што е повеќе од локалните избори во 2021-та година.
-
Македонија 18.10.2025 10:09
На полноќ почна изборниот молк, утре се гласа
На полноќ почна изборниот молк, утре се гласа. На 8-те по ред локални избори, во трка над 300 кандидати за градоначалници и над 570 советнички листи. Ќе се гласа на 3 илјади 480 избирачки места во 80 општини и градот Скопје. Во 132 избирачки места се регистрирани помалку од десет избирачи.
-
Македонија 18.10.2025 09:38
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
-
Свет 17.10.2025 20:46
Насилни протести во Перу, едно лице е убиено
Најмалку едно лице е убиено, а десетици полицајци се повредени во протестите што синоќа избувнаа во Перу. Демонстрациите се насочени кон претседателот Хозе Хари, кој ја презеде функцијата пред само неколку дена.
-
Македонија 17.10.2025 20:18
Уапсен возач во Кичево, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода
На 17.10.2025 во 00:35 часот на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ц.(42) од Кичево, информираат од МВР.
-
Македонија 17.10.2025 19:46
Приведени двајца крадци и еден измамник во Велес
На 16.10.2025 во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа М.Т.(44) од Велес, кој бил баран по потерница брз основа на судска наредба за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.
-
Економија 17.10.2025 19:23
Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ: Континуитет во политиките за макроекономска стабилност
Владата останува посветена на одржување на макроекономската стабилност и унапредување на економските перформанси со цел постигнување повисоки и одржливи стапки на економски раст.










