Довчерашната прва антикорупционерка, Татјана Димитровска се враќа на старото работно место во Државниот завод за ревизија, кое досега и беше во мирување.
Ќе му помага на главниот државен ревизор. Барањето е веќе поднесено.
Довчерашната прва антикорупционерка, Татјана Димитровска се враќа на старото работно место во Државниот завод за ревизија, кое досега и беше во мирување.
Ќе му помага на главниот државен ревизор. Барањето е веќе поднесено.
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе распише јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК, по оставката на функцијата на Татјана Димитровска и ќе утврди предлог одлука за избор на Народен правобранител.
Меѓународната заедница под зголемен притисок за решавање на судбината на Газа. Се зголемува бројот на земји што планираат да ја признаат палестинската држава. По Велика Британија и Франција и Канада потврди дека е посветена на решение за две држави.
Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија.
Од 22:10 часот сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Берово, поточно кај „Сарајска раскрсница“, е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи активни се три пожари во земјава и тоа во општините Василево, Прилеп и Кавадарци.
Собранието денеска ќе ја одржи 61. седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања. Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот.
Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата.
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Томас Бирн, државен министер за европски прашања и одбрана на Ирска.
На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи, како и за процесот на пристапување кон Европската Унија.
На 31.07/01.08.2025 година во периодот од 20:00 до 04:00 часот, поради снимање на филм затворен ќе биде во двете насоки на движење бул. „11 Октомври“ на потегот од крстосница со ул. „Даме Груев“ до крстосница со бул. „Кочо Рацин“ во Скопје.