За денеска во Србија се најавени два големи собира. Владата најави централна прослава за одбележување на српскиот празник Видовден во Крушевац, а студентите во блокада собир за попладне најавија протест во Белград.
Вести
-
Свет 28.06.2025 16:38
-
Економија 28.06.2025 15:57
Забележан раст на цените
Од 3 до 5 проценти зголемување на цените на најосновните производи. Кај хемиските производи, производите за лична хигиена, пелените, бебешката храна има раст и до 20 насто. Граѓаните се жалат, велат, цените се високи за нашиот стандард.
-
Македонија 28.06.2025 15:12
Одлуката на Уставен отвори дебата за пописот
Движењето „Знам“ ја поддржува идејата на премиерот Мицкоски да се спроведе електронски попис за да се приберат соодветни евиденции за населението и другите индикатори кои се важни за економскиот, социјалниот развој и инфраструктурата.
-
Економија 28.06.2025 14:45
Се чекаат банкарските понуди за брзата пруга
До седми јули банките треба да достават понуди за финансирање на изградбата на брзата пруга од Коридорот 10. Од Министерството за финансии испратиле барања до 24 банки. Министерката тврди дека има голем интерес, но поради комплексноста на проектот, банките побарале уште неколку дена за анализа.
-
Македонија 28.06.2025 14:17
Муцунски за донесените одлуки на Самитот во Хаг
Одлуките донесени на Самитот на НАТО во Хаг ќе имаат позитивни историски последици за идните генерации, вели шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски во интервју за Атлантскиот совет. според него, без водството на администрацијата на Трамп, никогаш не се донеле овие тешки одлуки.
-
Македонија 28.06.2025 13:27
Во училиштата недостигаат речиси 700 првачиња
Загрижувачки податоците по уписот во прво одделение. Во кумановските училишта недостигаат речиси 700 првачиња. Според евиденцијата на Министерството за внатрешни работи оваа учебна година треба да се запишат 1.534 ученици во прво одделение, родени во 2019 година.
-
Свет 28.06.2025 12:23
Иран ги оплакува загинатите во војната
Илјадници ужалени Иранци излегоа на улиците во Техеран да им оддадат последна почит на шефот на Револуционерната гарда и други врвни команданти и нуклеарни научници убиени за време на 12-дневната војна со Израел.
-
Македонија 28.06.2025 11:24
Лидерска средба ЕУ - Западен Балкан
Еврокомесарката за соседска политика и проширување, Марта Кос в понеделник доаѓа во Скопје. Таа ќе присуствува на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан што ќе се одржи во Македонија, а е посветена на планот за раст.
-
Македонија 28.06.2025 10:31
Попладнево ќе се одржи нов „Марш за ангелите“ во Кочани
Попладнево во Кочани ќе се одржи единаесеттиот „Марш за ангелите“. Родителите и блиските од семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ повторно ќе излезат на улица за да побараат правда, но и поголема поддршка за побрзо закрепнување на повредените во трагедијата.
-
Македонија 28.06.2025 09:28
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено
На граничниот премин Табановце утрово се чека околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен.










