Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во дводневна работна посета на Франција. Ќе оствари низа економски и политички средби на кои ќе се разговара за унапредување на билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји.
Вести
-
Македонија 24.06.2025 13:24
-
Свет 24.06.2025 12:53
И покрај примирјето, Израел и Иран со меѓусебни обвинувања и закани
Се согласија за прекин на огнот, но продолжија со жестоката реторика. И покрај барањето од американскиот претседател Трамп примирјето да не се прекршува, Израел и Иран со меѓусебни обвинувања и закани.
-
Македонија 24.06.2025 12:27
Меѓународен ден на јавната администрација
Законот за правична застапеност прво пред Венецијанската комисија, а потоа во собраниска процедура пред пратениците, кога ќе се интервенира и со подзаконски акти.
-
Македонија 24.06.2025 11:11
За една година двојно зголемен бројот на убиства во Македонија, покажува извештајот за работата на обвинителствата
За една година, бројот на новопријавени сторители на кривични дела е зголемен за 10 проценти – покажува годишниот извештај за работата на јавните обвинителства.
-
Македонија 24.06.2025 10:29
Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, фалсификувана стока, дрон, регистарска табличка и документи за камп-приколка.
-
Македонија 24.06.2025 10:15
Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на граничните премини
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Свет 24.06.2025 09:54
Израел и Иран се согласија за прекин на огнот
Израел се согласи на прекин на огнот со Иран, но предупредува, ќе одговори на секое прекршување. Од кабинетот на премиерот Нетанјаху велат дека се постигнати целите на операцијата и отстранети заканите поврзани со иранското нуклеарно и балистичко вооружување.
-
Македонија 24.06.2025 09:43
Земјотрес со јачина од 4,5 степени во Албанија, почувствуван и во Македонија
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала рано утрово е регистриран во соседна Албанија, а бил почувствуван во југозападните делови на земјава, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
-
Македонија 24.06.2025 09:40
Топлотен бран со африкански температури
Земјава од денеска влегува во топлотен бран со многу високи температури и високо УВ-зрачење. Од Институтот за јавно здравје апелираат за почитување на мерките за заштита, особено лицата од ранливата група граѓани.
-
Свет 24.06.2025 09:39
Жртви и повредени во ноќните напади врз Сумискиот регион во Украина
Жртви и повредени во ноќните напади врз Сумискиот регион во Украина. Сирени за воздушен напад издадени над Харков и Дењецк.










