Лидерите на земјите членки на НАТО алијансата на самит во Хаг. Македонската делегација ја предводи претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во Хаг присуствуваат и министерот за одбрана, Мисајловски, како и шефот на дипломатијата, Муцунски.
Вести
-
Македонија 25.06.2025 10:11
-
Свет 25.06.2025 09:53
Нуклеарните централи во Иран се целосно уништени, уверува Трамп
Нуклеарните централи во Иран се целосно уништени во американските напади, и покрај тоа што разузнавачката проценка фрла сомнеж врз нивниот успех, уверува претседателот на САД. Иран нема да има нуклеарно оружје, дециден е Трамп по прекинот на огнот меѓу Тел Авив и Техеран.
-
Македонија 25.06.2025 09:52
Успешно евакуирани мајка и три деца од Израел, и натаму во сила препораката да се избегнува патување на Блискиот Исток
Мајката со три деца, успешно се евакуирани од Израел, со лет од Тел Авив до Атина, соопшти нашето МНР. Заклучно со денеска, вкупниот број на евакуирани македонски државјани изнесува 12, осуммина со владиниот авион беа вратени преку Египет и последните четворица преку Атина.
-
Култура 25.06.2025 09:44
Македонската филхармонија ќе гостува во Солун
На 30 јуни, понеделник, оркестарот на Македонската филхармонија ќе гостува во Солун, во заедничка изведба на сценската канатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф со Софиската филхармонија и Државниот симфониски оркестар од Солун.
-
Свет 25.06.2025 09:43
Токио тестираше ракета на своја територија
Јапонската војска за првпат тестираше ракета на јапонска територија, додека земјата го забрзува своето воено засилување за да ја одврати Кина. Ракетата со краток дострел беше тестирана на противвоздушниот полигон на најсеверниот главен остров Хокаидо во Јапонија.
-
Македонија 25.06.2025 09:35
Почувствуван земјотрес во Охрид и околината
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.4 степени е регистриран рано изутрината во 3 часот и 59 минути во епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга, на 115 километри југозападно од Скопје.
-
Свет 25.06.2025 09:20
Зеленски побара зајакнување на одбраната
На Самитот во Хаг, украинскиот претседател Зеленски побара итна помош од НАТО за зајакнување на воздушната одбрана, предупредувајќи дека плановите на Путин ја загрозуваат безбедноста на целиот сојуз. Холандија најави воена помош за Украина во вредност од 175 милиони евра.
-
Свет 25.06.2025 09:08
Трамп: Нуклеарните централи во Иран се уништени
Претседателот на САД, инсистира дека нуклеарните централи во Иран се целосно уништени од американските напади, и покрај тоа што разузнавачката проценка фрла сомнеж врз нивниот успех. Иранците се одлична трговска нација и имаат многу нафта.
-
Македонија 25.06.2025 08:57
Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на граничните премини
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 25.06.2025 08:51
Седници на осум собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за животна средина и просторно планирање, за економски прашања, труд и енергетска политика, за политички систем и односи меѓу заедниците, за европски прашања, за финанс









