Реисот на ИВЗ, Шаќир Фетаи, во пораката по повод празникот Фитер Бајрам ја нагласи победата на доброто над злото, мирот над војната, солидарноста над поделбите, и човечноста над нечовечноста.
Вести
-
Македонија 30.03.2025 14:42
-
Економија 30.03.2025 14:25
Платите под државна капа растат
Повеќе пари на сметките од април за здравствените, просветните работници и пензионерите. Платите на здравствените работници се зголемуваат до 15 насто ако се земат предвид ноемвриското и декемвриското покачување. Во следните три години премиерот најавува зголемување и до 45 насто.
-
Македонија 30.03.2025 14:21
МЗ: Нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти од вчера
Министерството за здравство информира дека нема промени во бројот на хоспитализирани пациенти од вчера, во Скопје вкупно се лекуваат 16 пациенти и се во добра општа состојба.
Од нив по 6 се во стара градска и ГОБ 8 Септември и 4 во клинички центар.
-
Македонија 30.03.2025 13:58
Одземено возило во Скопје поради создавање голема бучава
Денеска околу 01.00 часот од страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на бул. „Партизански одреди, било одземено патничко моторно возило „крајслер“ со штипски регистарски ознаки управувано од С.Г. од Р.
-
Македонија 30.03.2025 13:30
Лидерска средба за трагедијата во Кочани, бара СДСМ
И пред и по трагедијата од Кочани, опозицијата бара лидерска средба со владејачките партии. Засега, не постои расположение кај дел од нив. Но, лидерот на СДСМ сепак реши да го подготви писмото и идната недела да го испрати на „Илинденска“.
Викторија Милевска известува.
-
Македонија 30.03.2025 13:13
Вонредни инспекциски контроли во јавните објекти во Охрид
Во Охрид вонредни инспекциски контроли на угостителски и станбени објекти, училишта спортски сали. Три клуба со лиценца добија забрана за работа, бидејќи не ги исполнувале условите. Што покажаа инспекциските контроли, колку Охрид е безбеден?
Известува Соња Рилковска.
-
Македонија 30.03.2025 12:49
Потребно е време за зацелување на психолошките и емоционалните рани по трагедијата во Кочани, велат психолозите
Чувствата на тага, гнев, себеобвинување, вина, се дел од фазите кои според психолозите ги поминуваат и директно погодените од траумата по трагедијата во Кочани, но и сите останатите жители. По првичниот шок и неверување, следува фазата на силни емоции, тагување.
-
Македонија 30.03.2025 12:11
Тригодишно дете ќе се задушело од гумена бонбона, од Гостивар пренесено во Скопје
Во тешка здравствена состојба и на респиратор е тригодишно дете од Гостивар коешто вчера во попладневните часови, без свест било однесено во гостиварскиот Ургентен центар.
-
Свет 30.03.2025 12:09
Тлото во Мјанмар не престанува да се тресе, најмалку 1.700 мртви
Тлото во Мјанмар не престанува да се тресе.
-
Свет 30.03.2025 11:46
Дожд и поплави зафатија делови од Балканот
Дожд и поплави зафатија делови од Балканот. Евакуирани се 145 лица, а поплавени околу 800 објекти во Босна и Херцеговина.
Во Србија веќе се излеале неколку реки. Во Шабац е прогласена вонредна состојба, се очекува ситуацијата да се влоши во наредните денови.










