Во здравствените установи во земјава се лекуваат 16 пациенти кои беа повредени во пожарот во кочанската дискотека, сите се во добра здравствена состојба.
Вести
-
Македонија 31.03.2025 09:54
-
Македонија 31.03.2025 09:28
Сообраќајот тековно, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива нормално, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Свет 31.03.2025 09:24
Продолжува потрагата по исчезнати во Мјанмар
Расте бројот на загинати по земјотресот во Мјанмар. Меѓународните спасувачи со тешка механизација се обидуваат да ги извлечат заробените луѓе под урнатините. Уништената инфраструктура и екот на граѓанската војна дополнително ја отежнуваат помошта.
-
Свет 31.03.2025 08:58
Трамп со закани до Путин ако нема примирје
Американскиот претседател Трамп ќе воведе секундарни царини од 25 до 50 насто на целата руска нафта ако почувствува дека Москва ги кочи неговите напори да ја оконча војната во Украина откако Путин предложи да се воведе привремена странска администрација во Украина поради некредибилност на Зеленск
-
Македонија 31.03.2025 08:36
Пациентите кои се лекуваат во Скопје се во добра состојба
Состојбата на повредените во пожарот во Кочани, е непроменета. 16 кои се лекуваат во болниците во Скопје, се во добра општа состојба.
Симона Илиеска-Бочваревска известува.
-
Македонија 31.03.2025 08:20
Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам
Муслиманите го слават Рамазан Бајрам, крајот на месецот на постот. Празникот трае три дена.
-
Свет 31.03.2025 08:16
Водостојот на реките во регионот се намалува
Водостојот на реките во Босна и Херцеговина главно се намалуваат, а стабилизација се очекува во наредните денови. Во најтешко погодената област Приједор во која беа поплавени над 800 објекти, укината e вонредната состојба. Наставата во сите училишта продолжува.
-
Македонија 31.03.2025 08:07
Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд
Денеска на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд.
-
Македонија 30.03.2025 19:12
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
Денеска околу 08.00 во часот во СВР Скопје било пријавено дека било забележано дека на ул. „Цветан Димов“ во населба Чаир, од возило „ауди а3“ во движење со скопски регистарски ознаки биле испукани неколку куршуми во воздух, информираат од МВР.
-
Македонија 30.03.2025 18:46
Јаневска: Го јакнеме финансиското образование, градиме млади подготвени за управување со финансии и за справување со ризици и измами
Финансиската едукација на младите е исклучително важна бидејќи ги подготвува за управување со финансии и планирање на буџетот, разбирање на економските процеси и препознавање на ризиците и обидите за финансиски измами.










