По Солун и Софија, шефот на дипломатијата Муцунски во посета на Белград. Се заблагодари за помошта, бидејќи Србија прими 30 пациенти, повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“.
Оливер Бранковиќ ги има деталите од посетата
По Солун и Софија, шефот на дипломатијата Муцунски во посета на Белград. Се заблагодари за помошта, бидејќи Србија прими 30 пациенти, повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“.
Оливер Бранковиќ ги има деталите од посетата
Попладнево во Владата, прес-конференција на првиот човек на ФЗОМ, Клековски и на директорот на ГОБ „8 Септември“. Се зборуваше за состојбата на повредените во болниците и капацитетот на земјава за справување со последици од ваков вид несреќи.
Обвинителството бара продолжување на краткотрајниот притвор за нови 48 часа на 16 лица, опфатени со предистрагата за пожарот во кочанската дискотека. Вкупно 18-мина се опфатени со оваа мерка. Сè уште се утврдува каква е улогата на градоначалникот на Кочани, Папазов, кој си поднесе оставка.
Над 10 тимови на Државниот пазарен инспекторат континуирано се на терен и ги проверуваат условите во кабареата и ноќните клубови кои имаат активни лиценци. Констатирани се сериозни регулаторни прекршувања.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги потсетува медиумите, при информирањето за погребите на жртвите во трагичниот пожар во Кочани, да се придржуваат до највисоките професионални и етички стандарди.
Падна српската влада. На седница на Собранието констатирана оставката на премиерот Вучевиќ кој самиот ја поднесе во крајот на јануари по падот на натстрешницата во Нови Сад.
Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката на кои оваа мерка им истекува во текот на денот.
Адвокатот Маријан Витановски го откажа полномошното за бранење на Љупчо Палевски Палчо, обвинет за убиството на Вања и Панче. Судијата Ивица Стефановски пред почетокот на денешната расправа ја прочита одлуката на адвокатот од Куманово.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и екипа од Министерството за здравство ќе утврдуваат дали имало пропуст во лекувањето на пациентот кој почина вчера во Општата болница Куманово.
Еден пациент со полесни повреди во моментот е хоспитализиран во штипската болница. Од оние двајца пациенти кои во понеделникот се пријавиле во болницата, едниот од нив е испратен на домашно лекување, а другиот е препратен на скопските клиники.