Стефан Трајановски е разрешен од функцијата прв човек на кумановската општа болница. Разрешувањето следи откако во установата почина 32-годишно лице додека примало терапија. Семејството обвинува за лекарска грешка, бидејќи му била дадена инфузија со лек на кој е алергичен.
Вести
-
Македонија 19.03.2025 16:13
-
Македонија 19.03.2025 15:46
Состојбата кај пациентите кои се лекуваат во земјава не е животозагрозувачка
Состојбата кај пациентите кои се лекуваат во земјава не е животозагрозувачка, виталните параметри се стабилни, информираат здравствените власти.
-
Македонија 19.03.2025 15:18
Приведени седум полициски началници и службеници, помогнале дискотеката „Пулс“ да добие лиценца
Полициски началници и службеници уапсени поради поврзаност со незаконско издавање на лиценцата на кочанската дискотека.
-
Македонија 19.03.2025 14:59
Седум полициски службеници осомничени за Тешки дела против општата сигурност
Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници.
-
Македонија 19.03.2025 14:34
Мицкоски се потпиша во Книгата на жалост во Кочани
Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Кочани и се потпиша во Книгата на жалост во чест на жртвите од трагичниот пожар.
-
Македонија 19.03.2025 14:06
Имале лиценци, а не исполнувале услови за работа- инспекторите на терен
Пожарот во дискотеката на смртта отвори сериозни прашања како функционираат кабареата и ноќните клубови во земјава. На ниво на држава има само 22 важечки лиценци, што значи дека огромен број на објекти по полноќ работеле на диво.
-
Македонија 19.03.2025 13:58
Ново рочиште за двојното убиство
Ново рочиште во Кривичен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Продолжи испитувањето на обвинетиот Велибор Манев. Вели, причината за убиството да Вања и Панче е прашање кое треба да се упати на обвинетиот Љупчо Палевски.
Фиљана Кока го следи судењето.
-
Македонија 19.03.2025 13:49
Осум студенти од УГД загинаа во несреќата, повеќемина меѓу повредените
Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип минува низ мрачни и тажни денови. Осум студенти се жртви во трагичната несреќа во Кочани, а двоцифрен е бројот на студенти кои се борат за живот. Отворена е книга на жалост, студентите и професорите се простуваат од своите колеги.
-
Македонија 19.03.2025 13:44
Пиротехника во ноќен клуб, приведен сопственикот
Приведен сопственик на кабаре во Куманово. Пронајдени се пиротехнички средства. Објектот е затворен.
Елена Георгиевска известува од Куманово.
-
Македонија 19.03.2025 13:35
Повредените пациенти во добра состојба, се нормализира работењето на хируршките клиники
Ги минавме првите критични 72 часа без нови смртни случаи – министерот за здравство, Арбен Таравари информираше за здравствената состојба на повредените. Се надева дека сите пациенти ќе закрепнат. Се нормализира работењето на хируршките клиники.










