Сè уште на Инфективната клиника има пациенти во критична состојба од западнонилската треска.
Каква е состојбата со хоспитализираните, во Дневникот Андријана Ѓурческа разговара со директорот на Инфективана, д-р Фадил Цана.
Сè уште на Инфективната клиника има пациенти во критична состојба од западнонилската треска.
Каква е состојбата со хоспитализираните, во Дневникот Андријана Ѓурческа разговара со директорот на Инфективана, д-р Фадил Цана.
Сè уште и покрај екстремното хипехлорирање на гостиварскиот водовод има бактерија, која предизвикува низа проблеми, така што, не може да се добијат согласно со протоколите, три последователни исправни извештаи.
Од ноќеска на полноќ стапуваат во сила новите новите малопродажни цени на нафтените деривати. Во просек, цените на горивата се намалуваат за 1,24 проценти во однос на претходната одлука, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Високите температури, сушата и пожарите ги погодија Европа и Балканот. Нискиот водостој на Дунав создава проблеми за енергетиката – Романија минира карпи за да го расчисти коритото и да ја спаси нуклеарката Чернавода, додека Унгарија целосно ја исклучи нуклеарната централа „Пакш“.
Во периодот од 1 до 31 јули, полициските службеници на територијата на целата држава констатирале 20.976 сообраќајни прекршоци, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи.
Во текот на јули 2026 година, Народната банка, заедно со банките и останатите учесници во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС), успешно го реализираше првиот циклус тестирање на новото системско решение.
Една граница, илјадници мигранти и нова поделба во Европа. Бранот пристигнувања во Сеута ја отвори старата дебата за миграциската политика на ЕУ. Министрите на Унијата на итен состанок бараат заедничко решение и посилна заштита на надворешните граници.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да избегнуваат директно изложување на сонце и физички активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, кога ризикот од топлотен удар е најголем.
Фестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од своето основање со две свечени настани во црквата „Света Софија“ – промоција на монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“ и роденденски концерт на светски реномирани музички уметници.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која беше лишена од слобода вчера и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација.