Денеска се одбележува Меѓународниот ден на трудот. По тој повод, Сојузот на синдикати на Македонија организира протест под мотото „За плата се бориме – не се молиме“.
Ова е осми првомајски протест што го организира ССМ, а годинава е со барање за зголемување на платите на работниците.









