Во текот на јули 2026 година, Народната банка, заедно со банките и останатите учесници во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС), успешно го реализираше првиот циклус тестирање на новото системско решение.
Вести
-
Економија 04.08.2026 11:56
-
Свет 04.08.2026 11:16
Европа повторно поделена поради мигрантите
Една граница, илјадници мигранти и нова поделба во Европа. Бранот пристигнувања во Сеута ја отвори старата дебата за миграциската политика на ЕУ. Министрите на Унијата на итен состанок бараат заедничко решение и посилна заштита на надворешните граници.
-
Македонија 04.08.2026 10:44
ИЈЗ: Избегнувајте сонце од 11 до 17 часот, почитувајте ги мерките
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните да избегнуваат директно изложување на сонце и физички активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, кога ризикот од топлотен удар е најголем.
-
Култура 04.08.2026 10:12
„Охридско лето“ одбележува 66 години: Монографија за Ана Липша-Тофовиќ и роденденски концерт во „Света Софија“
Фестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од своето основање со две свечени настани во црквата „Света Софија“ – промоција на монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“ и роденденски концерт на светски реномирани музички уметници.
-
Македонија 04.08.2026 10:06
Притвор за узурпација на локалитетот Куклица и спречување на службени дејствија
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која беше лишена од слобода вчера и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација.
-
Македонија 04.08.2026 09:42
ЦУК: Регистрирани 29 пожари во изминатото деноноќие, активни остануваат два
Според информациите од Центарот за управување со кризи, активни остануваат пожарите во Општина Кавадарци, помеѓу селата Раец и Ќесендре, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и во Општина Прилеп, на улицата „Дебарска“ кај месноста Теке, каде што гори депонија.
-
Економија 04.08.2026 09:24
Денеска нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата. Изминатите две недели имаше зголемување и на дизелот и на бензините. Еуросупер БС-95 се продава за 93, а 98-цата за 95 денари за литар. Малопродажната цена на дизелот изнесува 98,5 денари.
-
Македонија 04.08.2026 09:10
Пожарот кај Кавадарци под контрола, но сè уште е активен
Пожарот во кавадаречко е значително намален, но и натаму е активен, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
-
Свет 04.08.2026 09:04
Министрите на ЕУ на онлајн состанок за Сеута
Брисел бара посилна заштита на границите по масовниот прилив на мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута. Европските министри за внатрешни работи денеска на итни разговори. Претседателката на Европската комисија, фон дер Лајен, повика на „обединета акција“.
-
Македонија 04.08.2026 09:03
Метеж на границите: На „Табановце“ за влез се чека 30 минути, на „Богородица“ за излез околу еден час
На граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.










