Земјотрес со јачина од 5,2 степен по Рихтер, го погоди денес југозападниот дел на Иран, јави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Потресот се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC.
Земјотрес со јачина од 5,2 степен по Рихтер, го погоди денес југозападниот дел на Иран, јави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Потресот се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC.
За православните верници од денеска започнува Велигденскиот пост што ќе трае шест недели до празникот Воскресение Христово – Велигден, кој годинава се прославува на 20 април.
Израел планира постепено да го зголемува притисокот врз Хамас за да го прифати новиот предлог за продолжување на првата фаза од договорот за прекин на огнот и да обезбеди ослободување на сите заложници, покрај вчерашното запирање на хуманитарната помош.
Вработените во Македонската филхармонија денеска на нов протест со почеток во 13 часот пред Министерството за култура и туризам.
Се сомневаат дека конкурсот за избор на нов директор на оваа установа се спроведува незаконски.
По 12 години пауза, Скопје се поврза по воздушен пат со Амстердам, откако холандската нискобуџетна авиокомпанија Трансавија го реализираше првиот лет синоќа во 21 часот на Меѓународниот аеродром Скопје.
Секој договор за траен мир треба да го обезбеди суверенитетот и безбедноста на Украина, заклучија европските и светските претставници на самитот во Лондон. Во план од четири точки се потенцира дека помошта за Киев продолжува, ќе се зголемува економскиот притисок врз Русија.
Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2024 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав: Лидија Димковска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Маја Бојаџиевска, Ѓоко Здравески, Андреј Ал-Асади и К
Во Собранието за денеска е закажана 21. седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Единствена точка на дневниот ред е Предлог на закон за изменување на Законот за националната инфраструктура на просторните податоци, во второ читање.
Сојузот на синдикати на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ по повод петгодишниот јубилеј од основањето денеска организира научна конференција на тема „Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење“.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе се обрати на националната конференција „Заедно сме посилни“ во организација на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, што ќе се одржи во хотел „Глориус“ во Велес.