Попладнево, прес – конференција одржува и Регулаторната комисија за енергетика. Ја соопштува новата цена на парното што ќе важи од 1-ви август. Дали скопјани се соочени со нов удар по џебот?
Александра Велинова известува.
Попладнево, прес – конференција одржува и Регулаторната комисија за енергетика. Ја соопштува новата цена на парното што ќе важи од 1-ви август. Дали скопјани се соочени со нов удар по џебот?
Александра Велинова известува.
На дневен ред во Собранието, Дополнетиот предлог за ребаланс на Буџетот, со амандманите што беа прифатени. Вкупните приходи се планирани на 6,17 милијарди евра, расходите на 6,92, со што дефицитот ќе изнесува 753 милиони евра, односно, 4,1 процент од БДП. Растот е проектиран на 3,5 проценти.
Почеток на крајот на маките на жителите на Гостивар. По десетдневната голгота, анализите конечно потврдија дека водата е безбедна, но само за техничка употреба. Забраната за пиење и приготвување храна останува.
Наташа Јанчиќ-Менковски известува од Гостивар.
98 проценти од предвидените работи за водоснабдителниот систем се реализирани, остануваат уште 600 метри од трасата, за кои се чека согласност од Јавното претпријатие за државни патишта за целосно поврзување на системот.
Две лица се убиени во пукотница на популарниот фестивал за храна во центарот на Сиетл. Најмалку петмина се повредени меѓу кои и 2-годишно дете. Голем број полицајци и екипи на итната медицинска помош интервенирале на местото на настанот.
Почнува 48. Илинденски марш. Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки попладнево, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе тргнат на пат кон востаничко Крушево.
Во текот на изминатиот викенд (25/26.07.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1.355 издадени платни налози, 412 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале
Министерството за здравство излезе со дневниот пресек за епидемиолошката ситуација во Гостивар. Вчера се регистрирани уште 127 пациенти со симптоми, двајца повеќе од претходниот ден. Има и двајца хоспитализирани, еден на инфективното и еден пациент на одделението се педијатрија.
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).
Администрацијата на американскиот претседател објасни дека тридневната пауза по 13 дена интензивни воздушни напади, има за цел да создаде простор за дипломатија. Но, истовремено предупреди дека САД се „целосно подготвени“ за уште една можна ескалација.