Со речиси 400 дронови нападнат регионот на Москва. Поголемиот дел од украинските беспилотни летала биле пресретнати на поголема далечина, а над 80 биле соборени во близина на руската престолнина.
И Украина нотира напади во регионот на Киев.
Со речиси 400 дронови нападнат регионот на Москва. Поголемиот дел од украинските беспилотни летала биле пресретнати на поголема далечина, а над 80 биле соборени во близина на руската престолнина.
И Украина нотира напади во регионот на Киев.
Основната каматна стапка од 4,25 проценти останува непроменета, одлучи извршниот одбор на Народната банка. Одлуката се заснова на забавувањето на инфлацијата, која во јуни изнесувала 3,4 проценти, но и на зголемената неизвесност поради геополитичките тензии и повисоките цени на енергенсите.
Американскиот претседател уверува дека се водат пријателски преговори со Техеран, но доколку не дадат резултат, Иран повторно ќе биде нападнат. Шефот на Белата куќа рече дека решил да ги паузира борбите на барање на земјите посредници, да им даде уште една шанса на преговорите.
Водата во Крушево е безбедна за пиење. Уреден и третиот последователен примерок во анализите, потврдија од Центарот за јавно здравје. Се чека Агенцијата за храна и ветеринарство да даде дозвола за употреба.
Наместо заштита, Комисијата за заштита на конкуренцијата ја ограничувала конкуренцијата на пазарот.
Протоколите не се и не треба да бидат дел од преговарачката рамка за членство во Европската унија, категоричен премиерот Мицкоски. Дијалог со Софија за надминување на недоразбирањата.
Миле А. Ристески на темата евроинтеграции.
Можно е намалување на стапката на ДДВ на горивата почетокот на следниот месец, Владата ќе интервенира доколку продолжат да поскапувањата на нафтените деривати под притисок на кризата на Блискиот Исток.
Повеќе детали од Ана Јосифоска.
Осум потврдени случаи, расте бројот на заразени со западно-нилска треска, вирусот кој се пренесува преку заразени комарци. Симптоми, блага температура, главоболка, дезориентација. По состанокот на Комисијата, предупредување и за појава на други заразни болести во период на годишни одмори.
Досега 4.300 граѓани во Гостивар побарале лекарска помош, стотина во текот на минатото деноноќие. Здравствените власти уверуваат, акутната фаза на епидемијата е во смирување.
Западна Европа се подготвува за нов топлотен бран со температура над 40 Целзиусови степени. Издадено е предупредување за екстремен ризик од пожари, во момент кога Франција и Шпанија се зафатени од огнени стихии.