Над триста нови случаи заболени од грип за една недела. Статистиката вели дека вирусот забрзано напредува. Лекарите со полни раце работа.
Известува Андријана Ѓурческа.
Над триста нови случаи заболени од грип за една недела. Статистиката вели дека вирусот забрзано напредува. Лекарите со полни раце работа.
Известува Андријана Ѓурческа.
Бугарската Агенција за патна инфраструктура делумно е виновна за катастрофалната автобуска несреќа во која пред три години загинаа 45 наши сограѓани.
Високите концентрации на ПМ 10 и ПМ 2,5 уште толку го подгреваат тлото за развој на вирусите и бактериите. А мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат дека и денеска не сме поштедени од аерозагадувањето.
Светлата на украинската противвоздушна одбрана ноќеска го осветлија небото над Запорожје. Јато од 70 руски дронови носејќи смртоносен товар беа насочени кон милионскиот град на реката Дњепар. Од нив, 24 таканаречени имитатори дронови не успеаја да ги елиминираат руските беспилотни летала.
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои се вршат преку техники на пренасочување на телефонски броеви и лажирање на Caller ID.
Се проширува рамката за санкции на американската „црна листа“ за Западен Балкан. Новата наредба на претседателот Бајден предвидува измени и дополнувања со кои меѓудругото се опфаќаат и лица блиски членови на веќе санкционирани функционери.
Девизните резерви на крајот на декември 2024 година изнесувале 5.019 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 99 милиони евра, соопшти Народна банка.
Во предвечерието на денешниот празник Свети Стефан, синоќа во Католичката црква Св. Иван Крстител во Струмица, скопскиот бискуп д-р Киро Стојанов ги изложи пред верниците дел моштите на овој светец кои во Струмичката парохија ќе бидат во трајно поседување.
Во последното деноноќие имало пет пожари на отворен простор и сите се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Жртви, повредени, стотици куќи изгорени. Заглавени автомобили, чад и плач – апокалиптични снимки доаѓаат од Лос Анџелес додека шумскиот пожар расте, а нови жаришта избиваат поради силните ветрови. Огнот го зафати и Холивуд Хилс.