2024 помина во знакот на економско заздравување од ковид-кризата и последиците од геополитичките случувања што влијаеја и на отворените економии како нашата. Тројното намалување на инфлацијата кон крајот на годинава споредено со онаа на почетокот граѓаните речиси не го почувствуваа.
Вести
-
Економија 31.12.2024 16:01
-
Македонија 31.12.2024 15:41
Значајни настани на политичката сцена во 2024
Во годинава што изминува се случи промена на власта. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ВРЕДИ и ЗНАМ ја формираа новата Влада. По тешкиот пораз на изборите, СДСМ доби нов лидер. Избрана првата жена претседател.
-
Македонија 31.12.2024 15:22
Завршува важноста на возачките дозволи со старото уставно име
31-ви декември е крајниот рок на важност на возачките дозволи со старото уставно име. Во новата година овие возачки дозволи нема да важат, иако не поминал нивниот рок. Граѓаните се запознати со ова и веќе аплицирале за нови возачки дозволи.
-
Македонија 31.12.2024 15:01
OJO: Притвор за кумановецот кој имал бункер со оружје
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишен жител на Куманово, кој заедно со други засега непознати лица, во канал покрај локалниот пат меѓу селата Орланци и Никуштак криеле поголемо количество огнено оружје и муниција.
-
Свет 31.12.2024 14:46
2024: Година на предизвици во светот
Во 2024 година на избори излегоа четири милијарди луѓе меѓу кои и граѓаните од седум од првите десет најнаселени земји во светот. Европската Унија доби нови челници, се потврди напредокот на екстремната десница.
-
Македонија 31.12.2024 14:26
МВР со апел да не се употребуваат пиротехнички средства
Во пресрет на новогодишните празници, Министерството за внатрешни работи со апел да не се употребуваат пиротехнички средства.
Петардите се строго забранети, а нивното користење е казниво, опасни се и штетни. Децата да ги избегнуваат- посочија од МВР.
-
Македонија 31.12.2024 14:07
Уставни измени, без цврсти гаранции за членство во Унијата
Преку Планот за раст, Македонија станува дел од единствената европска економска област. На земјава се доделени 750 милиони евра за реформи до 2027-та, но тоа не се само грантови.
-
Македонија 31.12.2024 13:29
Влада: Обезбедени 120 милиони денари за студентски превоз
Од утре продолжува бесплатниот јавен превоз за студентите. Пари се обезбедени со новиот буџет. Прес одржаа на премиерот Мицкоски и министерката за образование Јаневска.Викторија Милевска известува. -
Македонија 31.12.2024 13:27
Скопјани ќе останат без јавен превоз, нема нафта
ЈСП во новата година влегува со старите проблеми. Најголемиот дел од автобусите остануваат во гаража поради недостиг на нафта. Од Синдикатот на ЈСП информираат дека возилата уште синоќа се повлекле порано од своите линии за да заштедат горива.
Игор Панов известува.
-
Македонија 31.12.2024 13:21
Охрид подготвен за дочекот на новата година
Во Охрид весела празнична атмосфера. Прекрасното сончево време ги раздвижи бројните туристи. Присутни се гостите од соседните земји Бугарија, Црна Гора, Албанија, но најбројни се Србите.










