Кумановци продолжуваат да ги пријавуваат штетите од невремето. Екипите на терен санираат, но оштетувањата се големи. Клечовце сè уште е без струја. Се отвори прашањето и за слабостите на кровните конструкции. Чија е одговорноста?
Вести
-
Македонија 24.07.2026 13:31
-
Македонија 24.07.2026 13:22
ИЈЗ: Различни резултати од земените примероци од водата
Во тек е дезинфекција на водоводната мрежа во Гостивар. Институтот за јавно здравје има земено 13 примероци од различни локации во општината.
Што покажале анализите Александра Велинова разговара со директорката на Институтот, Марија Андоновска.
-
Македонија 24.07.2026 13:15
Се земаат примероци од водата во Гостивар
Во Гостивар се спроведува постапката за хиперхлорирање и за чистење на каптажата на водоводниот систем. Надлежните прават напори, до крајот на неделава да овозможат водата да се користи како техничка. Се доставува и вода за пиење.
Во Гостивар е Андријана Ѓурческа.
-
Македонија 24.07.2026 12:44
Уништени околу 2.700 овци поради појава на сипаници, сточарите на средба со претставници на АХВ
Поради ширењето на сипаниците кај малите преживари, кои досега доведоа до уништување на околу 2 илјади и 700 овци во земјава, претставници на Сојузот на одгледувачи на овци „Модерен овчар“ денеска ќе одржат работна средба со Агенцијата за храна и ветеринарство на која ќе се разговара за актуелнат
-
Македонија 24.07.2026 12:10
Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини по три месеци излегува од притвор
Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини по три месеци излегува од притвор.
-
Свет 24.07.2026 11:42
Светската економија пред нов предизвик поради ескалација на состојбата на Блискиот Исток
Нов глобален раст на цените на нафтата поради ескалацијата на состојбата на Блискиот Исток. Јеменските Хути нападнаа бродови во Црвено Море, создавајќи ризик од подолг застој на уште една клучна трговска рута. Баб ел-Мандеб е една од најважните точки за трговијата меѓу Европа и Азија.
-
Економија 24.07.2026 11:00
Преку Министерство за финансии се реконструира Поликлиниката „Идадија“ – инвестиција вредна над 31 милион денари
Започна реконструкцијата на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника „Идадија“, инвестиција вредна над 31 милион денари.
-
Свет 24.07.2026 10:26
Околу 20 илјади луѓе евакуирани југозападно од Бордо
Околу 20 илјади луѓе се евакуирани од градовите и одморалиштата по должината на францускиот атлантски брег, поради пожари. Локалните власти соопштија дека пожарот во шума југозападно од Бордо, се проширил на повеќе од 31 квадратен километар, нема пријавени повредени.
-
Свет 24.07.2026 09:46
Зеленски тврди дека Кремљ подготвува нови напади врз Украина
Бројот на повредени во рускиот напад со пет авиобомби врз Запорожје се зголеми на 25. Зеленски тврди дека Кремљ подготвува нови напади врз Украина, како и дополнителна мобилизација во Русија и ширење на војната.
-
Македонија 24.07.2026 09:43
Унгарски „Икарус“ избран за набавка на 100 нови автобуси за Скопје
„Икарус“ избран за набавка на 100 нови автобуси за Скопје-информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. По успешно завршената тендерската постапка и јавното наддавање, набавката влегува во завршна фаза, напиша градоначалникот.










