Вести

  • Македонија 13.04.2026 15:13

    Мобилните телефони – сериозна закана за видот и говорот кај децата

    Кога децата уште од најмала возраст имаат пристап и минуваат многу време со мобилни телефони, опасноста од задоцнет развој на говорот е реална. Се поголем е бројот на деца кои не прозборуваат до третата година, имаат сиромашен речник или проблеми со внимание и концентрација.

  • Економија 13.04.2026 14:37

    Извештајот на ДПИ утре на владина седница

    Надлежните веќе утврдиле зголемување на цената на неколку производи како лебот, зејтинот, шеќерот, јајцата. Дел од нив се берзански и според нив, оправдано е зголемувањето. Најголемо влијае има растот на цената на нафтата која е главен инпут.

  • Македонија 13.04.2026 14:02

    Украинско семејство за Велигден во Македонија

    Украинското семејство Михиљкис воскресението Христово го дочекаа во Битола. Среќни се што живи и здрави по три децении разделени седат на заедничка велигденска трпеза, далеку од военото жариште во нивниот роден град.

  • Свет 13.04.2026 13:20

    Заврши велигденското примирје во Украина

    Заврши велигденското примирје во Украина. Русија продолжи со воените операции и покрај барањето на Зеленски за продолжен прекин на огнот по празникот. Експлозии одекнуваат во Запорожје, на удар и енергетската инфраструктура во Черниговската област. Над 12.000 домаќинства останаа без струја.

  • Македонија 13.04.2026 12:21

    Температурите растат, расте и стравот од пожари

    Од 1999 до 2024 година, според податоците на Шумарскиот факултет во Скопје, во пожари изгорени се околу 270 илјади хектари шума. тоа е повеќе од една четвртина од сите шуми во Македонија.

  • Свет 13.04.2026 11:17

    Американска блокада на иранските пристаништа

    Примирјето во Иран „се држи добро“ – оценува Вашингтон, додека САД го засилуваат притисокот врз Техеран по неуспешните преговори во Исламабад.

  • Економија 13.04.2026 10:58

    Утре РКЕ со нови цени на горивата

    Утре Регулаторната комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата. Премиерот Мицкоски најави дека на владината седница ќе се направи анализа на извештајот на Министерството за економија и инспекторатот за труд, за цените на производите, врз која ќе се носат идните одлуки.

  • Македонија 13.04.2026 10:35

    Државниот завод за ревизија, чувар на јавните средства

    Близу 1.400 субјекти од јавниот сектор располагаат со народни пари.

  • Македонија 13.04.2026 10:02

    Обид за опожарување на синагогата во Скопје

    МВР презема мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата откако еврејската заедница алармираше за обид за опожарување на нејзиниот објект и на синагогата од две лица, кои на главите имаат кациги за мотоцикл и користат канистери со гориво.

  • Свет 13.04.2026 09:33

    По 16 години владеење на Орбан, Унгарија почнува нова политичка ера

    Унгарија почнува нова политичка ера, по 16 години владеење на Виктор Орбан. На премиерската функција доаѓа опозицискиот лидер Петер Маѓар кој во победничкиот говор рече дека го ослободиле унгарскиот народ. Најави прозападен курс и зацврстување на односите со ЕУ и НАТО.

Pages