Вести
-
Економија 16.09.2026 19:42
Инфраструктурата клучна за економски раст
Македонското стопанство има потреба од модернизација на инфраструктурата, подобар пласман на производите што ги извезува и на знаењето што го создава. -
Свет 16.09.2026 19:38
Војната во Украина без знаци на смирување
Руските сили продолжуваат со напади врз украински цели. Погоден е патничкиот воз Киев-Миколаев, има загинати и повредени во напад врз автобус во Никополската област. Воздушни бомби го погодија Суми, а Киев повторно беше под руски оган. -
Македонија 16.09.2026 19:09
Претреси во скопско- пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени две лица
Полицијата приведе две лица од скопското село Брњарци по претреси во нивните домови, при што кај едниот биле пронајдени марихуана и опрема за мерење, а кај другиот пиштол, куршуми и материјали за изработка и полнење ловечки патрони.
-
Свет 16.09.2026 19:02
Фон дер Лајен: Европа е најсилна, но и најнебезбедна досега
Економската нестабилност, обезбедувањето поголема енергетска независност, безбедносните ризици и заканите од Русија, вештачката интелигенција – доминантни теми во годишното обраќање пред европратениците на шефицата на комисијата Фон дер Лајен, неколкупати проследено со громогласни аплаузи.
-
Економија 16.09.2026 18:25
Раст на прометот од услугите во второто тримесечје
Прометот од продажбата на услуги во второто тримесечје од 2026 година е зголемен за 1 отсто во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
-
Економија 16.09.2026 17:41
Николоски: Проблемот со превозниците се решава со билатерални договори
Најголемите инвестиции во Македонија се австриски, но за да се унапред
-
Македонија 16.09.2026 17:37
Партиски реакции за пресудите за водачите на ОВК
ДУИ и ВРЕДИ со остри реакции за пресудите и затворските казни за косовските лидери на ОВК. „Неправедна и длабоко разочарувачка“ - вака лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ја оцени одлуката на Специјализираните совети на Косово со седиште во Хаг.
-
Македонија 16.09.2026 17:24
Врховен ја укина пресудата за Јакимовски
Кривичниот и Апелацискиот суд јасно не ги утврдиле карактеристиките на општинската барака за да може да се изведе заклучок дека било потребно одобрение за градба.
-
Македонија 16.09.2026 17:14
Под лупа финансирањето на прославата за независноста
Јавното обвинителството сè уште анализира дали евентуално ќе отвори предмет за финансирањето на прославата за 35 години независност. Ако се утврдат основи за тоа, ќе постапи, појаснува државниот обвинител Савески.
-
Македонија 16.09.2026 16:59
Радикални промени за пораст на довербата во судството
Потребни се радикални промени за зголемување на довербата во судството. Од Уставниот суд на земјава велат дека засилено работат на поголема транспарентност и отвореност.










