Министрите за надворешни работи на НАТО на дводневен неформален самит во Прага. Трансатлантската воена Алијанса бара начини да и помогне на Украина пред самитот во Вашингтон во јули.
Вести
-
Свет 31.05.2024 08:27
-
Свет 31.05.2024 08:24
Трамп прогласен за виновен пред Судот во Њујорк
Доналд Трамп е прогласен за виновен по сите 34 точки во судскиот процес што се водеше против него пред Њујоршкиот суд, за фалсификување документи и исплата на пари, во замена за молк.
-
Свет 31.05.2024 08:24
САД бара хуманитарен пристап до енклавата
Проширената офанзива на Израел во јужниот град Рафах во Газа допрва треба да се докаже дали претставува голема операција, велат од Стејт департментот. САД одново го повикуваат Израел да дозволи хуманитарен пристап во енклавата и да ги поштеди цивилите.
-
Македонија 31.05.2024 08:17
100 сообраќајни санкции во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 31.05.2024 08:14
Продолжува седницата за избор на претседател на Уставен суд
Уставните судии во нов обид да си изберат претседател. И по четири обиди, не избраа претседател. Ниеден од кандидатите не ги доби потребните 6 гласа од колегите. Гласањето е тајно. Резултатот во сите 4 круга ист, 5 гласа за Татјана Васиќ Бозаџиева, а 4 за Ана Павловска Данева.
-
Економија 31.05.2024 08:03
Субвенции во лозарството
Земјоделските стопанства што имаат површини под лозови насади и се регистрирани имаат право на 12.000 денари по хектар за сите лозја.
Услов е да имаат минимална површина од 2 декари, со најмалку 1.390 садници, подигнати до пролетта 2023 година.
-
Македонија 31.05.2024 07:52
Сончево со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд. УВ индексот ќе изнесува 6.
-
Македонија 30.05.2024 21:30
Централниот одбор на СДСМ вечерва одржува седница
Централниот одбор на СДСМ вечерва одржува седница на која треба да го усвои Правилникот за критериумите, начинот и роковникот за спроведување на внатрепартиските избори на 30-ти јуни.
-
Македонија 30.05.2024 21:20
Сиљановска-Давкова идната недела ќе го додели мандатот за состав на новата влада
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова идната недела ќе го додели мандатот за состав на новата влада.
Рокот за доделување на мандатот за состав на идната влада истекува на 7-ми јуни.
-
Македонија 30.05.2024 20:00
Истрагата за двојното убиство пред финиш, се чека обвинение
Финишира истрагата за убиството на Вања и Панче. Со оглед истекува шестмесечниот период за притвор во истрага за дел од обвинетите, јавниот обвинител се очекува до крајот на неделава да го поднесен обвинението.










