Вечерва, во 20:53 часот Блок 2 на РЕК Битола е синхронизиран со македонскиот електроенергетски систем.
Вести
-
Македонија 31.05.2024 21:30
-
Свет 31.05.2024 20:46
29 починати во Индија од топлотен бран
Во Бихар во Индија во последните 24 часа од топлотен удар починале 29 луѓе. Најмногу смртни случаи (12) имало во областа Аурангабад, каде живата се искачила над 48 степени Целзиусови. Шест починати се пријавени во областа Бојпур, а по четири во Рохтас и Џеханабад, јавува индиското радио AIR.
-
Свет 31.05.2024 20:30
Силно невреме во Хрватска
Хрватските власти издадоа портокалов метеоаларм за речиси целата територија, откако земјата беше зафатена од силно невреме проследено со поројни дождови и силен ветер.
-
Македонија 31.05.2024 19:20
„Нож и виљушка на европска чинија“ во Паркот на франкофонијата
Вкусовите на Европа на едно место. Во Паркот на франкофонијата се одржа манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија“.
-
Свет 31.05.2024 18:59
Три лица повредени, откако мал авион ја промашил пистата во Хрватска
Мал авион ја промашил пистата на Хвар и удрил во луѓе-соопштија хрватските власти. Три лица се полесно повредени. Несреќата се случила во староградско поле, кога авионот при слетување ја промашил пистата и удрил во двајца велосипедисти.
-
Македонија 31.05.2024 18:37
ДЗС: Поскапени поштенски и курирски услуги
Поскапеа поштенските и курирските услуги во Македонија. Статистика го регистрира поскапувањето.
За 3,8 отсто поскапеле цените на поштенските и курирските услуги во првото тримесечје од годинава, во споредба во истиот период минатата година, објави Државниот завод за статистика(ДЗС).
-
Свет 31.05.2024 17:59
Неколку лица повредени во напад со нож во Германија
Вооружен напаѓач рани неколку лица со нож на централниот плоштад во југозападниот германски град Манхајм, соопшти полицијата.
-
Македонија 31.05.2024 16:59
Поднесени обвиненија за соизвршителите на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
Поднесено обвинение против четворица за грабнување и двојно свирепо убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски. Според обвинителството мотивот се пари.
-
Македонија 31.05.2024 16:24
Продолжи судењето против кумановскиот градоначалник
Во кумановскиот суд продолжи судењето против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кого двајца инвеститори го обвинуваат за злоупотреба на службена положба и овластување. На рочиштето судот прифати но и одби дел од доказите на одбраната и обвинителството.
-
Македонија 31.05.2024 15:42
Османи на НАТО министерски состанок во Прага
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на неформалниот Состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, во Прага.










