Вести

  • Македонија 13.05.2024 08:49

    Денес без струја корисници од село Долно Лисиче

    Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа денеска (понеделник), без електрична енергија ќе бидат корисниците од с. Долно Лисиче, најави Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје.

  • Македонија 13.05.2024 08:41

    Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози

    Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

    На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

  • Свет 13.05.2024 08:34

    Социјалистите доминираат во каталонскиот парламент

    Каталонските сепаратисти го загубија мнозинството во регионалниот парламент на изборите одржани вчера во североисточниот шпански автономен регион. Шпанската социјалистичка работничка партија на премиерот Педро Санчез ќе биде првата политичка сила во новиот состав на каталонскиот парламент.

  • Свет 13.05.2024 08:29

    Во Грузија демонстрации поради Предлог-закон за медиуми

    Демонстрации во Грузија. Полицијата се обиде да го растера собирот пред Парламентот пред состанокот на Правната комисија за расправата за законот за странско влијание. Владејачката партија вели дека предлог-законот е неопходен за да се спречи, штетното странско влијание.

  • Свет 13.05.2024 08:27

    Жестоки битки во Харков и Доњецк

    Украинскиот претседател вели дека Армијата на земјата се соочува со тешка ситуација. Силите претрпеле најмногу жртви во судирите над стратешкиот град Часов Јар и блиските села во Доњецк.

  • Свет 13.05.2024 08:21

    Путин го смени министерот за одбрана Шојгу

    Рускиот претседател Путин го смени Сергеј Шојгу од функцијата министер за одбрана и го назначи за секретар на Советот за национална безбедност. На негово место доаѓа Андреј Белоусов.

  • Свет 13.05.2024 08:18

    Блинкен: Израел постапуваше неконзистентно

    Израел постапуваше неконзистентно со обврските што произлегуваат од меѓународното хуманитарно право, вели американскиот државен секретар Блинкен. Според него, големата израелска офанзива во Рафах би предизвикала хаос и анархија без елиминирање на Хамас.

  • Македонија 13.05.2024 08:10

    Одлука за 27 приговори за парламентарните избори

    Државната изборна комисија на јавна седница треба да решава по поднесените 27 приговори за резултатите од парламентарните избори. Рокот истекува вечер пред полноќ. 10 се од коалицијата „Вреди“, 8 од ВМРО-ДПМНЕ, 5 од СДСМ и 4 од Левица, главно за 5-та и 6-тата изборна единица.

  • Економија 13.05.2024 08:02

    Финансиска поддршка за порибување

    Субвенциите се наменети за надомест на прифатливи трошоци за вршење на вештачки мрест, за обезбедување на порибителен материјал или за рехабилитација, доградба, надградба и опремување на постоечките мрестилишта за производство на репродуктивен и порибителен материјал во регистрираните репроцентри

  • Македонија 13.05.2024 07:56

    Променливо облачно со сончеви периоди

    Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во западните и југоисточните делови од земјата ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Pages