Нова странска инвестиција. Турската компанија „Џаво аутомотив“ ќе вложи 20 милиони евра во нов производствен капацитет во тетовската индустриска зона. Се планира вработување на над 400 луѓе.
Андријана Ѓурческа ги има деталите.
Нова странска инвестиција. Турската компанија „Џаво аутомотив“ ќе вложи 20 милиони евра во нов производствен капацитет во тетовската индустриска зона. Се планира вработување на над 400 луѓе.
Андријана Ѓурческа ги има деталите.
Украинскиот претседател Зеленски пристигна во Евиан,во обид да ја врати Украина во глобалната дискусија, во услови на засилени руски напади.
Децата во Македонија се сè поизложени на повеќе климатски закани истовремено: мнозинството од нив се погодени од топлотни бранови, суши и загаден воздух, според новиот глобален извештај на УНИЦЕФ објавен денес.
Компанијата CAVO Otomotiv започнува нова инвестиција во Технолошко-индустриската развојна зона Тетово, вредна 21 милион евра, која според најавите ќе обезбеди околу 550 нови работни места.
Додека траат дипломатските усогласувања меѓу САД и Иран, од Вашингтон доаѓаат сигнали дека прелиминарниот договор за завршување на војната би можел да биде објавен пред потпишувањето в петок.
Министерство за финансии денеска исплати 2.028.714.243 денари субвенции за произведен и предаден тутун од реколта 2025 година, средства наменети за 15.144 тутунопроизводители.
Бомбардер Б-52 се урна кратко по полетувањето во базата на воздухопловните сили на САД во пустината Мохаве во јужна Калифорнија. Сите осум членови на екипажот се мртви, изјавија воени претставници.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска е во работна посета на Лондон, каде во британскиот Форин офис ќе оствари средба со шефицата на британската дипломатија Ивет Купер.
Унгарскиот парламент усвои уставен амандман со кој се ограничува мандатот на премиерите на најмногу осум години, што би можело да го спречи поранешниот премиер Виктор Орбан повторно да ја извршува функцијата.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе објави нова инвестиција од компанијата „Џаво Отомотив“ во ТИРЗ Тетово со која се очекува да се отворат над 400 нови работни места.