Фискалниот совет на РС Македонија денеска организира стручна расправа на тема „Ефикасноста на јавните финансии и улогата на фискалните правила во Северна Македонија“, со цел да се поттикне конструктивен дијалог меѓу носителите на одлуки, економските експерти и меѓународните претставници за клучни
Вести
-
Економија 30.04.2026 10:12
-
Македонија 30.04.2026 09:33
Седница на Комисијата за финансирање и буџет
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за финансирање и буџет.
На дневниот ред на седницата е разгледување на Предлог-законот за изменување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и на Кварталниот извештај на Народната банка за февруари 2026 година.
-
Свет 30.04.2026 09:28
Во Аргентина се продлабочува скандалот за нелегално богатење на владиниот шеф на кабинетот, Адорни
Во Аргентина се продлабочува политичкиот скандал околу наводно нелегално богатење на владиниот шеф на кабинетот, Мануел Адорни, што предизвика зголемени протести и пад на довербата во владата. Истрагата се фокусира на наводи за недоследности во пријавениот имот и патувања.
-
Македонија 30.04.2026 09:13
Рочиште за екс претседателката на Антикорупциска
Ново рочиште за предметот „Адитив“. Од Обвинителството најавија дека ќе бидат презентирани комуникации меѓу Димитровска и Стојановиќ, со кои ќе се обидат да поткрепат сомнежи за оддавање службени информации.
-
Македонија 30.04.2026 09:08
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Свет 30.04.2026 08:57
САД тврдат дека разговорите со Иран напредуваат, нуклеарното прашање останува камен на сопнување
Телефонска дипломатија наместо директни средби – САД тврдат дека разговорите со Иран напредуваат, но нуклеарното прашање останува камен на сопнување. Трамп предупреди дека без откажување од нуклеарно оружје нема договор, ниту укинување на поморската блокада.
-
Македонија 30.04.2026 08:31
Завршни зборови за тројцата полицајци за „Пулс“
Во Кривичниот суд Скопје закажано рочиште со завршни зборови за тројцата полициски службеници од Кочани за постапувањето при контроли поврзани со дискотеката „Пулс“. На почетокот на судењето тројцата обвинети пред судот изјавија дека не се чувствуваат виновни.
-
Македонија 30.04.2026 08:18
Министерот Муцунски во работна посета на Хрватска
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, престојува во работна посета на Загреб.
-
Македонија 30.04.2026 08:12
Облачно со врнежи од дожд
Облачно со врнежи од дожд, наместа пообилни (15 до 20 l/m2). Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h.
-
Култура 29.04.2026 20:46
Премиера во МНТ: „Западен Експрес“ – Европска копродукција за истокот, западот и човечките илузии
На денешната прес-конференција во Македонскиот народен театар беше најавена премиерата на претставата „Западен експрес“, копродукциски проект помеѓу МИ Филм, Sadsongskomplex: fi и Македонскиот народен театар.










