Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги минатата година поднесе вкупно 213 кривични пријави против 443 физички и 160 правни лица до Основното Јавно Обвинителство и Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Вести
-
Македонија 04.02.2026 15:40
-
Македонија 04.02.2026 15:26
Во Скопје лишен од слобода бегалец од затвор, спроведен е во затворот „Идризово“
Денеска во 09:15 часот на бул. „Кочо Рацин“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода А.Ј. (25) од Гостивар, кој бил баран со потерница по судска наредба поради бегство од затворот „Идризово“.
-
Македонија 04.02.2026 14:57
Лишени од слобода возачи во Дебар, пробиштипско, Тетово, Велес, Кавадарци и Кичево, возеле без возачка дозвола, со изречена забрана, под дејство на алкохол
На 04.02.2026 околу 00:30 часот на ул. „Едип Папранику“ во Дебар, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато ги лишиле од слобода А.Л.(28) и А.Л.(23) двајцата од Дебар.
-
Свет 04.02.2026 14:29
Убиен синот на поранешниот лидер Моамер Гадафи
Сеиф ал-Ислам Гадафи, син и некогашен наследник на Моамер Гадафи, е убиен во градот Зинтан во западна Либија.
-
Македонија 04.02.2026 14:06
650 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 590 за пребрзо возење
Во текот на вчерашниот ден (03.02.2026) преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 650 прекршоци.
-
Економија 04.02.2026 13:45
Поттикнување на зелената економија
Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво со потпис на договорот за поддршка на претпријатијата за зелено работење. Настанот е во тек.
Таму е Александра Велинова.
-
Економија 04.02.2026 13:36
ССМ достави иницијатива за пониски плати на функционерите
Сојузот на синдикати на Македонија до Собранието ја достави иницијатива за измени и дополнувања на Законот за плата и други надоместоци на пратениците и на другите избрани и именувани лица. Бараат примањата на функционерите да се замрзнат.
-
Македонија 04.02.2026 13:26
154 години од раѓањето на Гоце Делчев
„И да се родел во мирнодопски времиња сигурно животот би го поминал во борба за македонштината“ – поглаварот Стефан на одбележувањето на 154-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
-
Македонија 04.02.2026 13:21
Премиерот побарал остра реакција за заканите
Премиерот Мицкоски побарал од министерот Тошковски итна и остра реакција против сите лица кои ги нарушија јавниот ред и мир за време на протестите против „Безбеден град“.
-
Македонија 04.02.2026 13:18
Филипче: Да го продолжиме аманетот на Делчев
„Делата на Делчев се наш потсетник дека Македонија се гради со храброст, солидарност и заедништво“, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче по повод одбележувањето 154 години од раѓањето на македонскиот великан и револуционер.










