Еден јазик кој соединува, расположува, охрабрува. Една мелодија сплотува различни култури, традиции, а може и да го заобиколи светот за само 10 секунди. Да обедини друштва, семејства.
Вести
-
Култура 25.01.2026 17:20
-
Македонија 25.01.2026 16:44
Завршна фаза на тестирање на системот „Безбеден град“
На нецела недела до ставање во функција на системот „Безбеден град“ надлежните ги прават последните проверки.
-
Економија 25.01.2026 16:05
Утре блокада на граничните премини во земјава
Утре напладне – 370 товарни возила ќе ги блокираат сите гранични премини во државата. Запрен ќе биде товарниот сообраќај кон Европската унија и транзитот низ регионот. Ќе се пропуштаат само камиони со лекови, жива стока, експлозиви и муниција.
-
Македонија 25.01.2026 15:39
Се тестира системот „Безбеден град“
По главниот град од денеска и во Куманово и Тетово започна тестирањето на камерите од системот „Безбеден град“, кои од први идниот месец ќе регистрираат сообраќајни прекршоци. Тестирањето го спроведуваат екипите на МВР.
-
Култура 25.01.2026 14:26
Локалитетот „Манчевци“ крие вредни мозаици
Носечки проект во годинешната програма на охридскиот Завод и Музеј ќе биде археолошкиот локалитет „Манчевци“ кој се наоѓа во срцето на старото градско јадро.
-
Македонија 25.01.2026 13:13
Охрид се гуши, локалната власт и опозицијата со спротивставени ставови
Аерозагадувањето последните неколку години го позиционира Охрид високо на листата на најзагадени градови во земјава, особено во текот на зимските месеци.
-
Свет 25.01.2026 12:38
Тензии во Минеаполис по последното убиство, активирана Националната гарда
Активирана Националната гарда во Минеаполис додека тензиите достигнуваат критична точка по убиството на 37-годишниот медицински техничар Алекс Прети. Тој беше застрелан од федерален агент за имиграција, што дополнително ги разгоре протестите започнати по убиството на Рене Гуд.
-
Македонија 25.01.2026 11:52
Утре на полноќ истекува огласот за избор на нов државен јавен обвинител
Утре на полноќ истекува огласот за избор на нов државен јавен обвинител. Досега, до Собранието, свои кандидатури поднеле двајца судии и една јавна обвинителка. И уште неколку други обвинители биле сè уште во фаза на размислување, но, конечната одлука ќе треба да ја донесат најдоцна утре.
-
Македонија 25.01.2026 11:00
Надежи на македонското воздухопловство
Од светски шампион во воздухопловно моделарство, до Воздухопловна академија во Белград. 16-годишниот прилепчанец Лука Најдоски растел со моделите на авиони и со желбата да ги освои височините. Ама и да ги поправа авионите.
-
Култура 25.01.2026 10:47
„Кавалерија рустикана“ ќе оживее на сцената на Националната опера и балет
Трагичната приказна за љубовта, страста, честа и одмаздата, раскажана преку операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи, повторно ќе оживее на сцената на Националната опера и балет на 28 јануари 2026 година, со почеток во 19.30 часот.










