Германската канцеларка Ангела Меркел повтори дека треба да се отворат границите за уште стотици илјади бегалци.
Нејзиниот став останува непроменет во однос на мигрантската политика, потенцирајќи дека Владата презема мерки да не с еповтори кризата.
Германската канцеларка Ангела Меркел повтори дека треба да се отворат границите за уште стотици илјади бегалци.
Нејзиниот став останува непроменет во однос на мигрантската политика, потенцирајќи дека Владата презема мерки да не с еповтори кризата.
Изутрината две лица загинаа на магистралниот пат Штип-Радовиш на излезот од штипското село Лакавица, кога автомобил марка „Фолксваген шаран“ излетал од коловозот.
Нема зголемен број на јавувања во Брзата помош, освен за хронично болните и потешките случаи. Лекарите велат дека граѓаните ги почитуваат претходно донесените препораки и не се изложуваат на ризици.
Според првичните и неофицијални резултатати, референдумот во Валандово против отворање рудници и стопирање на изградбата на комплексот Казандол не успеа.
Од денеска избирачкиот список на увид за локалните избори. Граѓаните до 9-ти септември можат да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоците. Во списокот се запишани 1.816.127 граѓани.
Неповратната финансиска помош е 50 проценти од трошоците за подигнување на нови повеќегодишни лозови и овошни насади и насади со ароматични и медоносни растенија.
И покрај зголемените тензии на Корејскиот полуостров, САД и Јужна Кореја ги почнаа заедничките воени вежби кои ќе траат до крајот на месецов. Во маневрите наречени „Улчи - бранител на слободата“ учествуваат 50.000 јужнокорејски војници и 17.500 американски војници.
Причините за несреќата која вчера се случи на автопатот Велес- Скопје се утврдуваат, соопшти Основното јавно обвинителство во Велес. По наредба на јавниот обвинител, од возачот на автобусот е земен примерок на крв за анализа и почна прибирање на трагите пронајдени на местото на несреќата, информи
Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од пороен дожд и грмежи и со засилен ветер вдолж Повардарието и кон истокот.
Утринската температурата ќе се движи од 12 до 21 степен, а дневната од 20 до 29 степени.
Сите дипломати од Амбасадата на Република Србија во Република Македонија се повлечени на итни консултации во Белград. Засега нема официјална информација која е причината за повлекувањето.