Факултетите ги отворија вратите за средношколците. Епитетот прворангиран го наполни кампусот на УКИМ. Идните студенти ги поднесоа документите, се решија за својата идна професија. Дел сакаат да изучуваат психологија, други социологија, некои, пак, сметаат дека со економски ќе имаат добра иднина.
Вести
-
Македонија 17.08.2017 14:18
-
Македонија 17.08.2017 13:40
Прегазена жена во Дебар Маало
Утрово загина жена во скопско Дебар Маало. На улицата „Антоние Грубишиќ“, кај училиштето „Коле Неделковси“, жртвата била прегазена од теренско моторно возило, управувано од 45 годишен жител на Илинден.
-
Свет 17.08.2017 13:12
Беснеат пожари низ регионот и Европа
Се уште е активен пожарот меѓу Затон и Раслина во Хрватска. Но домовите во овие места не се во опасност. 160 пожарникари и војници се на терен. Добиваат поддршка и од 3 канадери и 2 ер-трактора. Огнената стихија уништи над 650 хектари борова шума, лозје и маслинки.
-
Македонија 17.08.2017 13:03
Отворена музејска изложба „25 години Армија на Република Македонија“
Мораме да покажеме единственост за доборото на нашата држава. Да се обединиме околу целта- македонското знаме да се вее во НАТО и во ЕУ, изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска на денешната изложба на фотографии, опрема и оружје во Воениот музеј на Македонската армија.
-
Македонија 17.08.2017 12:46
СДСМ: ВМРО- ДПМНЕ неконтролирано ги задолжуваше граѓаните
ВМРО- ДПМНЕ 11 години неконтролирано ги задолжуваше граѓаните преку остварување криминални интереси и затоа сега не може да се помири дека владата на СДСМ работи домаќински, отчетно и за граѓаните, пишува во реакцијата на СДСМ.
-
Македонија 17.08.2017 12:45
ВМРО- ДПМНЕ: Каде отидоа парите од девизните резерви?
Каде отидоа парите од девизните резерви, прашуваат во ВМРО- ДПМНЕ. Министерот за задолжување Тевдовски за 70 дена власт успеа да стопи 126 милиони евра.
-
Македонија 17.08.2017 12:39
Во тек уписот на Универзитетот за информатички науки „Св. Апостол Павле“ Охрид
Уписите за студентите денеска почнаа и на Универзитетот за информатички науки „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Има слободни места на 5-те факултети распоредени на 10 различни студиски програми.
-
Свет 17.08.2017 11:14
Анкета: Граѓаните имаат повеќе доверба во Путин, отколку во Трамп
Според истражувачкиот центар „Пју“, Владимир Путин е поприфатлив светски лидер од Доналд Трамп, сметаат граѓаните на повеќе сојузници на САД, вклучувајќи ги Јапонија, Јужна Кореја и седум држави членки на НАТО.
-
Македонија 17.08.2017 11:01
Почнуваат уписите на УКИМ
Денеска и утре пријавување за упис во прва година на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Според објавениот конкурс, за запишување студенти на прв циклус студии се слободни вкупно 10.818 места.
-
Свет 17.08.2017 10:49
Тилерсон: Нема место за омраза и насилство
Во американското општество нема место за омраза и насилство, какви што беа демонстрирани во Шарлотсвил, во државата Вирџинија, изјави американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон.










