На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива пo суви коловози, а интензитетот надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива пo суви коловози, а интензитетот надвор од градските средини е зголемен.
Денеска на распоредот на пленарната седница на Законодавниот дом повторно се наоѓа точката за разрешување на државниот обвинител Марко Зврлевски.
Реал Мадрид е освојувач на УЕФА Супер купот. Актуелниот европски шампион Реал Мадрид вечерва во преполната Национална арена „Филип Втори“ во Скопје ја победи екипата на Манчестер Јунајтед со 2:1.
Лобирања, притисоци, контрамерки. Четирите балкански земји се уште во очекување Хрватска да ги укине дискриминаторските одлуки, да ги намали таксите за извоз на овошје и зеленчук од земјите што не се во ЕУ.
Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Кос и блиското турско крајбрежје. Според грчкиот Иниститут за геодинамика, земјотресот бил со интензитет од 5,1 по Рихтеровата скала, на длабочина од 10 километри. Епицентарот бил на 38 километри североисточно од островот Кос.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Од партијата обвинуваат дека министерката не ги консултирала ниту граѓаните, ниту општините за стратегијата за бегалци.
Прилеп чествува 16 години од загинувањето на 10-те свои и македонски бранители. Поклон и чест за загинатите пред нивниот споменик во центарот на градот. Ова е ден, вечно врежан во меморијата на градот, на оваа земја, ден кога времето не може да ги избрише ниту тагата ниту мислите од минатото.
Агенцијата за храна и ветеринарство смирува. Во Македонија нема увоз на конзумни јајца од Холандија за кои европската комисија предупреди дека се загадени со инсектициди.
Од владејачката партија тврдат дека е започнат процес на ослободување на институциите кои биле партизирани и злоупотребени од ВМРО-ДПМНЕ.
Нова ротација на словачките полицајци во земјава. Тие ќе извршуваат заеднички патролни активности со македонските колеги и припадниците на Армијата на државната граница со Грција.