Уште само неколку часа од почетокот на супер спектаклот во главниот град на Македонија, кој ќе го пренесуваат 300 телевизиски станици и ќе биде гледан од најмалку половина милијарда гледачи. Скопје дише во ритамот на Супер купот.
Вести
-
Македонија 08.08.2017 11:01
-
Свет 08.08.2017 10:28
Ердоган: Германија им помага на терористите
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Германија дека им помага на терористите, затоа што, како што рече, Берлин не дава одговор на илјадниците молби за предавање осомничени лица, барани од турските власти.
-
Македонија 08.08.2017 09:02
Заев: Создадени се сите услови за фудбалскиот спектакл, Македонија ќе ја оправда довербата
На покана на Европската фудбалска федерација (УЕФА), претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, синоќа присуствуваше на свеченоста за високите гости, по повод одржувањето на фудбалскиот спектакл – финалето на Супер купот на УЕФА.
-
Македонија 08.08.2017 08:54
Портокалова фаза: Да се почитуваат препораките за заштита
Со високи температури од портокалова фаза и денеска ќе биде зафатена територијата на целата држава, соопшти Министерството за здравство согласно најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Македонија 08.08.2017 08:47
Сончево и многу топло, температура до 40 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со температура од 17 до 40 степени. Во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
-
Македонија 07.08.2017 16:56
Продолжува јавната расправа за стратегијата за бегалци и за странци
Македонија успешно се справуваше со мигрантската криза- тврди Агенцијата за разузнавање. Интеграцијата на мигрантите не поминува без сериозни безбедносни закани. Како предизвици посочени културолошките разлики, можностите за насилен криминал, насилство, ризиците од тероризам.
-
Македонија 07.08.2017 16:34
Фудбалерите на Реал и на Манчестер пристигнаа во земјава, отворени фан зоните
Расте ентузијазмот дека ќе победи тимот за кој од срце се навива. Фанови на двата најдобри европски фудбалски клубови Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, ден пред натпреварот пристигнуваат во Скопје. Кафулињата на кејот се претесни за да ги соберат сите.
-
Македонија 07.08.2017 16:20
ДИК го усвои роковникот за локалните избори, кампањата почнува на 25-ти септември
Државната изборна комисија на седница го усвои роковникот за локалните избори за членови на советите на општините и на град Скопје, градоначалници на општините и на главниот град.
-
Македонија 07.08.2017 16:07
Пожарите кај Македонски Брод и Чашка ставени под контрола
Пожарите во Македонски брод се под контрола, но поради високите температури не се исклучува можноста од нивно проширување, што значи и активирање дополнителни сили- велат од Центарот за управување со кризи. По заседавањето на главниот штаб со претставници од надлежните институции е донесен акциск
-
Економија 07.08.2017 16:03
Производителите и трговците со оружје бараат поддршка за учество на тендери
Поедноставување на постапките за издавање на неопходните дозволи, зацврстување на наменското производство и поддршка и целосно вклучување во тендерите- бараат домашните производители и трговци со оружје, пиротехнички средства и опрема.









