И по 16 години мајчината болка е иста, спомените навираат. За синот Пецо кој замина со армискиот конвој и никогаш не се врати.
„Овие денови уште потешко, уште потажни сме. Нивните траги никогаш нема да се заборават“, вели Менка Секулоска.
И по 16 години мајчината болка е иста, спомените навираат. За синот Пецо кој замина со армискиот конвој и никогаш не се врати.
„Овие денови уште потешко, уште потажни сме. Нивните траги никогаш нема да се заборават“, вели Менка Секулоска.
Уште само неколку часа од почетокот на супер спектаклот во главниот град на Македонија, кој ќе го пренесуваат 300 телевизиски станици и ќе биде гледан од најмалку половина милијарда гледачи. Скопје дише во ритамот на Супер купот.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Германија дека им помага на терористите, затоа што, како што рече, Берлин не дава одговор на илјадниците молби за предавање осомничени лица, барани од турските власти.
На покана на Европската фудбалска федерација (УЕФА), претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, синоќа присуствуваше на свеченоста за високите гости, по повод одржувањето на фудбалскиот спектакл – финалето на Супер купот на УЕФА.
Со високи температури од портокалова фаза и денеска ќе биде зафатена територијата на целата држава, соопшти Министерството за здравство согласно најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со температура од 17 до 40 степени. Во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Македонија успешно се справуваше со мигрантската криза- тврди Агенцијата за разузнавање. Интеграцијата на мигрантите не поминува без сериозни безбедносни закани. Како предизвици посочени културолошките разлики, можностите за насилен криминал, насилство, ризиците од тероризам.
Расте ентузијазмот дека ќе победи тимот за кој од срце се навива. Фанови на двата најдобри европски фудбалски клубови Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, ден пред натпреварот пристигнуваат во Скопје. Кафулињата на кејот се претесни за да ги соберат сите.
Државната изборна комисија на седница го усвои роковникот за локалните избори за членови на советите на општините и на град Скопје, градоначалници на општините и на главниот град.
Пожарите во Македонски брод се под контрола, но поради високите температури не се исклучува можноста од нивно проширување, што значи и активирање дополнителни сили- велат од Центарот за управување со кризи. По заседавањето на главниот штаб со претставници од надлежните институции е донесен акциск