Вести

  • Македонија 30.06.2017 15:32

    Медиумските реформи по теркот на Ван Хојте

    Медиумските реформи да бидат меѓу приоритетите во реформскиот процес што го отвори Владата, порача европскиот експерт Питер Ван Хојте што на покана на Здружението на новинарите на Македонија дојде во земјава за да помогне во медиумскиот реформски процес.

  • Македонија 30.06.2017 15:11

    Нов земјотрес почувствуван во Охридско

    Земјотрес со магнитуда од 2,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран попладнево во 13:33 часот во Охридското епицентрално подрачје.

  • Македонија 30.06.2017 15:09

    Средба Заев- Бартол

    Премиерот Зоран Заев на средба со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Македонија, Горазд Бартол. Бартол оценил дека правецот во којшто се движи Македонија е добар и отвора перспективи за граѓаните и за евро-атлантските апсирации на земјава.

  • Свет 30.06.2017 14:41

    Исламска држава под опсада во Рака

    Силите поддржани од САД, ја држат под опсада Исламска држава во градот Рака. Од Сирија доаѓаат неверојатни снимки. Повеќе од 80 мажи и момчиња повторно се со своите фамилии, откако ја отслужиле затворската казна поради тоа што се бореле на страната на Исламска држава.

  • Свет 30.06.2017 14:03

    Германија ги легализира истополовите бракови

    Германскиот Бундестаг усвои закон со кој во Германија се легализираат истополовите бракови.

  • Македонија 30.06.2017 14:00

    Подобрување на животот на ромската популација

    50 проценти од Ромите кои живеат на периферија од градовите или т.н. ромски маала живеат во домови со влага, немаат приклучик на канализациска мрежа, дел од нив немаат вода, покажува истражувањето на граѓанските организации направено во Штип, Прилеп и Чаир.

  • Култура 30.06.2017 13:54

    Премиери на балетска и на претстава за деца викендов на „Скопско лето“

    Култната манифестација „Скопско лето“ годинава со богата со програма. Две премиерни претстави, балет во кореографија на Саша Ефтимова и „Малиот принц“ во организација на Детскиот театарски центар.

  • Македонија 30.06.2017 13:44

    Кадровски промени во МВР

    Кадровски промени во Министерството за внатрешни работи.  Донесени се неколку одлуки за разрешување и за именување нови раководители.

  • Свет 30.06.2017 13:42

    Објавена снимка од смртта на Ал Багдади

    Иранска телевизија синоќа објави инсерти со кои се потврдува смртта на лидерот на Исламска држава, Абу Бакр Ал Багдади.

    На сајтот на ИРИБ се посочени две снимки од телото на Багдади и две кога бил жив.

  • Економија 30.06.2017 13:32

    9,2% раст на индустриското производство во мај

    Индустриското производство во мај е зголемено за 9,2 проценти во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

Pages