Бундестагот реши да ги повлече своите трупи од воздухопловната база Инџирлик во Турција, откако Анкара не дозволи германски пратеници да ги посетат војниците.
За таа одлука гласаше мнозинството од пратениците, но имаше и воздржани и против.
Бундестагот реши да ги повлече своите трупи од воздухопловната база Инџирлик во Турција, откако Анкара не дозволи германски пратеници да ги посетат војниците.
За таа одлука гласаше мнозинството од пратениците, но имаше и воздржани и против.
Мултимедијалниот перформанс „Види музика, слушни слика, добиј книга“ годинава ќе биде посветен на една од најдобрите музички групи на сите времиња „Пинк Флојд“.
„Македонија предолго чека за заслуженото членство во ЕУ“- ова е пораката која предесдателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во Брисел им ја пренесе на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и претседателот на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер.
Европската безбедност, проблемот со миграцијата и климатските промени се главните теми за кои ќе расправаат шефовите на државите и владите на членките на ЕУ на нивната дводневна средба што почнува денеска во Брисел.
Соларната енергија и енергијата од ветар брзо ќе се шират до 2040-та. 48 проценти од енергијата ќе се произведува од сонцето. Европа ќе инвестира во обновливите извори на енергија 40 милијарди годишно, со што половина од производството на енергија во 2040-та ќе биде соларна.
Топлотен бран на европскиот контитнент. За британската престолнина, ова е најжешкиот јуни од 1976 година, а Португалија се бори со смртоносен шумски пожар. Над 1000 пожарникари се уште се обидуваат да ја запрат огнената стихија во централниот дел од земјата во која загинаа 64 луѓе.
Земјоделците ќе добијат повеќе од 32,5 милиони евра за растителното производство, а сточарите 19,2 милиони евра.
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи петтата седница на која точка на дневен ред е изборот на заменици - министри на Владата.
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб со умерен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието и источните делови. Попладне можна е локална појава на краткотраен дожд и грмежи повеќе во западните планински предели.
Инклузија во училиштата, програма за децата со посебни потреби, повеќе дефектолози- ова се дел од барањата кои се најдоа пред министерката за образование и наука, Дескоска и министерот за здравство, Таравари.