Ракометарите на Вардар пристигнаа на плоштадот „Македонија“, каде илијадници граѓани се собраа да ја прослават европската титула.
Вести
-
Македонија 06.06.2017 14:00
-
Свет 06.06.2017 13:49
Анкара: Апсења во турските министерства поради поврзаност со Ѓулен
Обвинителството во Анкара издаде десетици наредби за апсење во турски министерства во рамките на истрагата за организацијата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен – ФЕТО.
-
Македонија 06.06.2017 13:29
Пречек на ракометарите на Вардар: Плоштадот „Македонија“ преполн
Сѐ е подготвено за пречек на европските ракометни шампиони. Ракометарите на Вардар се очекува наскоро да пристигнат на плоштадот „Македонија“ каде илијадници граѓани се собраа да ја прослават европската титула.
-
Македонија 06.06.2017 13:17
УХМР: Попладне пороен дожд и грмежи
Попладнево и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи, информира УХМР.
-
Економија 06.06.2017 13:14
Над 40 компании бараат работници на Саемот за вработување во Битола
За последниве три години по втор пат, понудата и побаруваачката на работна сила на дирекна средба. Едните да кажат кои кадри им се потребни, а другите, согласно со својата стручна подготовка да одлучат каде ќе биде испратена апликацијата.
-
Македонија 06.06.2017 12:31
Марковиќ: Се надевам дека Македонија наскоро ќе биде примена во НАТО
Со официјална цеременија во Стејт Департментот во Вашингтон, Црна Гора стана 29-та земја членка на НАТО. Црногорскиот премиер Душко Марковиќ официјално го депонираше инструментот за приклучување на Црна Гора во НАТО кај американскиот потсекретар Томас Шенон.
-
Свет 06.06.2017 12:11
100 лица повредени во новите судири во Венецуела
Околу 100 лица се повредени во новите судири меѓу антивладините демонстранти и полицијата во венецуелската престолнина Каракас.
Меѓу нападнатите имало и новинари. Во протестите кои почнаа во април досега загинаа 65 луѓе.
-
Македонија 06.06.2017 12:07
Втора седница на Владата
Владата на Република Македонија денеска во 12 часот ќе одржи втора седница.
Вчера, на првата седница, меѓу останато, беа формирани работни тела и избрани генерален секретар и определени заменици претседатели на Владата.
-
Свет 06.06.2017 11:53
Египет го затвори воздушниот простор за авионите на Катар
Египет го затвора воздушниот простор за авионите на Катар поради дипломатскиот спор, а се очекува истото и од Саудиска Арабија и Бахреин.
Неколку земји ги прекинаа односите со официјална Доха поради наводно поддржување на тероризмот во заливскиот регион.
-
Македонија 06.06.2017 11:16
„Медал за заслуги за Македонија“ за ракометарите на Вардар
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, донесе одлука да ги одликува членовите на ракометниот клуб Вардар со „Медал за заслуги за Македонија“, а на РК Вардар ќе му биде доделено високо признание „Повелба на Република Македонија“.









