Во врска со настаните од 27 април оваа година во Собранието на Република Македонија, СВР Скопје денеска до Основното јавно обвинителство - Скопје, поднесе кривична пријава против девет лица, поради основи на сомнение дека сториле насилство кон луѓе и оштетиле имот.
Вести
-
Македонија 05.06.2017 17:19
-
Македонија 05.06.2017 16:57
Пречек на европскиот ракометен шампион- Вардар
Градот Скопје утре на плоштадот „Македонија“ ќе организира пречек на ракометарите на ракометниот клуб „Вардар“, по освоената титула во Европската лига на шампиони во Келн, Германија.
-
Македонија 05.06.2017 16:52
Кривична пријава против директорот на Клиниката за неврохирургија
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против А.Ч. (57) од Скопје, лекар и директор на Клиниката за неврохирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „примање поткуп“, соопшти МВР.
-
Македонија 05.06.2017 16:31
Прва седница на новата Влада
Распределба на ресори на министрите без портфељ, избор на Генерален секретар на влада, шеф на кабинет, 30- тина законски решенија- се точки на дневен ред на првата владина седница предводена од премиерот Зоран Заев.
-
Македонија 05.06.2017 16:18
Интензивни врнежи од дожд и грмежи во делови од државата
Поинтензивни врнежи од дожд проследени со грмежи попладнево има во планинските предели и северозападно од Битола, северно од Прилеп, југозападно од Скопје и западно од Тетово, како и во подрачјето меѓу Штип и Кочани, соопшти УХМР.
-
Македонија 05.06.2017 16:17
Ќе се укинува Кембриџ програмата во средното образование
Ќе се укинува Кембриџ програмата во средното образование, најави министерката за образование Рената Десковска. Министерката за образование денеска најави дека се бараат правни механизми, пред почетокот на новата учебна година да се стопира уште една, според неа, штетна мерка во образованието.
-
Македонија 05.06.2017 16:07
Награди, а не казни за лекарите
Лекарите ќе добиваат награди, но не и казни- ќе им се укине негативниот учинок. Ова е првата реформа во здравствениот систем, која ја најавува министерот Арбен Таравари.
-
Култура 05.06.2017 16:00
„Златна камера 300“ за животно дело за Џузепе Ротуно
Нов член во клубот на великаните. Италијанецот Џузепе Ротуно е годинашниот лауреат на „Златна камера 300“ за животно дело. Ротуно има снимено дузина антологиски филмови, пред сѐ на италијанската кинематографија.
-
Македонија 05.06.2017 15:58
Предлози за измени на законите за нотаријат и извршување
Последните законски измени за нотаријат и за извршување, финансиски ги оптоварија компаниите, ги зголемија трошоците и ги одвлекоа постапките за наплата на побарувања. Со овој став, бизнис- заедницата бара финансискиот товар на деловните субјекти да се избалансира на нивниот од 2016- тата.
-
Економија 05.06.2017 15:31
Светска банка: Глобалната економија со раст од 2,7 - македонската 2,8 проценти
Македонската економија годинава ќе има раст од 2,8 насто, в година порастот на БДП ќе изнесува 3,3 проценти, стои во најновите проекции на Светска банка за глобалните светски перспективи. Континуирано закрепнување и зголемување на 3,8 насто се предвидува во 2019-тата.










