Грција постигна договор со меѓународните кредитори за нов пакет на мерки за штедење, во замена за добивање на следната транша финансиска помош. Договорот опфаќа зголемување на даноците, намалување на пензиите како и реформи на пазарот на трудот и енергетиката.
Вести
-
Свет 02.05.2017 14:12
-
Економија 02.05.2017 13:11
Охрид: Со чартер лет пристигнаа првите холандски туристи
И официјално стартуваше летната сезона во најпознатиот македонски туристички центар. Со чартер лет, од Амстердам на Охридскиот аеродром пристигнаа првите 180 холандски туристи.
-
Македонија 02.05.2017 13:06
БЕСА: Да се формира истражна комисија за собраниските настани
БЕСА бара да се формира истражна комисија за настаните од четвртокот во Собранието. Како што велат од партијата, надлежните државни институции не преземаа соодветни мерки за да се спречи насилството.
-
Македонија 02.05.2017 12:55
До четврток сончево и топло, од петок дожд
Сончево и топло ќе биде денеска и во наредните два дена, а во попладневните часови, претежно во планинските подрачја, ќе има појава на локален пороен дожд со ретки грмежи, соопшти УХМР.
-
Македонија 02.05.2017 12:52
ВМРО-ДПМНЕ: Да не се приведуваат недолжни лица за настаните во Парламентот
ВМРО-ДПМНЕ ги повика институциите да не приведуваат, како што се вели, недолжни луѓе брзајќи да покажат некаков резултат од настаните во четвртокот.
-
Македонија 02.05.2017 12:43
Кривичен суд: Пет лица кои учествуваа во настаните во Собранието добија притвор
Пет лица кои учествуваа во настаните во Собранието добија притвор, одлучи судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд. Од седуммината кои беа приведени од полицијата, за двајца е одредена мерка за претпазливост.
-
Свет 02.05.2017 12:41
Ердоган: Референдум за членството во ЕУ
Турскиот претседател Ердоган изјави дека неговата земја на референдум ќе решава за членството во ЕУ. Ердоган ја обвини Унијата дека не е искрена, ниту чесна и дека ја држи Турција да чека пред нејзината врата.
-
Економија 02.05.2017 12:37
Горивата поевтинуваат за 1,5 денар
Нафтените деривати поевтинуваат од полноќ. Регулаторната комисија за енергетика ја направи новата пресметка, според која, цената на бензините, дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1,5 денар.
-
Култура 02.05.2017 11:44
Во продажба билетите за првиот концерт на Филхармонијата во новата сала
Македонската филхармонија соопшти дека од денеска ќе бидат пуштени во продажба билетите за свеченото отворање на нејзината нова концертна сала на 21 мај. Билетите ќе бидат по цена од 2.500 и 3.000 денари и може да се набават на билетарницата во Дом на АРМ, секој ден од 10 до 16 часот.
-
Свет 02.05.2017 11:29
Албанија: Запленети 2,7 тони марихуана
Албанската полиција во неколку одделни акции запленила 2,7 тони марихуана. Во акцијата, насловена „Богова“ во Скрапар и Берат биле запленети 1,9 тони марихана, оружје, муниција, а биле уапсени и три лица.










