Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ја отфрли Тиранската платформа, за разлика од Зоран Заев и СДСМ, кои што се согласија со барањата на Албанците, но одбивањето на претседателот Ѓорге Иванов да им го даде мандатот го нервира Западот, кој што ја поддржува креирање на кантони во Македонија.
Вести
-
Македонија 11.04.2017 15:57
-
Македонија 11.04.2017 15:41
Експертите на УНЕСКО го започнаа мониторингот во Охрид
Градежните активности и нивното влијание врз природното богатство и културното наследство се во центарот на вниманието на тричлената комисија на УНЕСКО. Прашања кои ја разбрануваа охридската јавност по носењето на измените на Планот за управување со Националниот парк „Галичица“.
-
Економија 11.04.2017 15:35
Подобри права за македонските работници во Италија
Подобра правна и здравствена заштита и заштита од злоупотреба ќе добијат македонските работници во Италија. Најголемата синдикална организација во Италија наскоро ќе отвори претставништво во земјава. Целта е подобрување на работничките права и олеснување на протокот на информации.
-
Свет 11.04.2017 15:31
Црна Гора станува членка на НАТО
Малата Црна Гора, со само 610 илјади жители станува 29-та членка на Северноатлантска алијанса.
-
Македонија 11.04.2017 15:15
НЛБ Банка: Средствата на клиентите се безбедни
Управниот одбор на НЛБ Банка во врска со грабежот денеска информира дека средствата на нивните клиенти се безбедни и оти ги има преземено сите мерки за осигурување на своите редовни активности.
-
Економија 11.04.2017 15:09
Во градежништвото се очекува зголемување на бројот на вработени
Менаџерите на градежните компании очекуваат вкупните порачки за градежни работи да останат на ниво од претходното тримесечје, и да се зголеми бројот на вработени во наредните три месеци, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Македонија 11.04.2017 14:47
Метео: Сончево со мала до умерена облачност
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Попладне на места се очекуваат услови за локален дожд особено во јужните планински подрачја.
Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец особено долж Повардарието.
-
Македонија 11.04.2017 14:39
Алтхаузер: Потребна е политичка воља за решавање на кризата
Потребна е политичка воља за решавање на политичката криза во Македонија, Парламентот да биде оперативен, да избере претседател, а потоа да се избере и Влада, изјави германската амбасадорка во земјава Кристине Алтхаузер.
-
Свет 11.04.2017 14:22
Шведска: Осомничениот напаѓач од Стокхолм призна дека извршил терористички акт
Осомничениот напаѓач од Стокхолм призна дека извршил терористички акт. 39-годишниот Ракмат Акилов со камион прегази четворица цивили. Многумина беа повредени, а двајца се во критична состојба.
-
Македонија 11.04.2017 13:39
Коѕиас загрижен за стабилноста на Македонија
Грчкиот шеф на дипломатијата е загрижен за стабилноста на Македонија и оценува дека нестабилноста на земјата се должи на недостигот на култура на компромис. Ова Никос Коѕиас го нагласил при својот говор на настан организиран од движењето на идеи и акција „Прато“.










