Претставата „Венецијански трговец“ од Вилијам Шекспир вечерва премирено ќе биде прикажана во Драмскиот театар во Скопје. Режијата е на Наташа Поплавска. Претставата е дело создадено од три приказни.
Вести
-
Култура 07.03.2017 12:19
-
Свет 07.03.2017 11:50
Републиканците почнаа со здравствена реформа со цел укинување на „Обамакер“
Републиканците во американскиот Конгрес објавија предлог-закон за здравствена реформа со кој се укинува голем дел од програмата „Обамакер“ спроведена од поранешниот претседател Барак Обама.
-
Економија 07.03.2017 11:40
Нови цени: Бензинот поскап за половина, дизелот за 1,5 денари
Нови цени на нафртените деривати. Бензините од денес се поскапи за половина денар. Еуросупер 95 се продава за 67 денари, 98-цата за 69 денари. Новата цена на дизелот е повисока за 1,5 денари, и изнесува 54 денари.
-
Македонија 07.03.2017 11:30
Повремени врнежи до крајот на неделава
До крајот на неделава се очекува серија влажни бранови, со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи. Се очекуваат исто така и пониски температури.
Во западните делови врнежите ќе преминат во снег. В петок врнежите се очекува да престанат.
-
Македонија 07.03.2017 11:22
Нивото на Охридско Езеро седум сантиметри над дозволениот минимум
Нивото на Охридското Езеро е седум сантиметри над дозволениот минимум, соопшти денеска УХМР.
-
Македонија 07.03.2017 10:51
Генералниот секретар на ОБСЕ, Заниер ќе ја посети Македонија
Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер во среда и четврток ќе ја посети Македонија.
Според најавите, Заниер се очекува да разговара со претседателот Ѓорге Иванов, со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со претставници на парламентарните политички партии.
-
Свет 07.03.2017 10:47
САД: Привремена забранa за влез на државјани од шест блискоисточни земји
Новата извршна наредба за забрана на влез за државјани од Сирија, Либија, Иран, Судан, Сомалија и Јемен потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп ќе важи од 16-ти март. Ирак е изземен од оваа група држави, бидејќи ирачките власти вовеле проверка на своите државјани.
-
Свет 07.03.2017 10:37
ЕУ формира штаб за воени обуки
ЕУ ќе формира штаб за воени обуки во мисиите кои ќе бидат централен елемент во идната европска армија. Во почетокот ќе бидат ангажирани 30 офицери на три тековни мисии на Унијата во Демократска Република Конго, Мали и во Сомалија.
-
Македонија 07.03.2017 10:33
Лајчак: Платформата од Тирана дополнително ги искомпликува работите
Платформата од Тирана дополнително ги искомпликува работите. Формирањето влада е работа на домашните политичари, изјави вицепремиерот на словачка Лајчак, по средбата на Комитетот за надворешни работи на Европската унија во Брисел.
-
Македонија 07.03.2017 10:26
Почна постапката за заштита на Охридската цреша
Земјоделската задруга „Охридска церешна“ поднесе елаборат за добивање на географска ознака на сортата охридска цреша. Ова е прва постапка според новиот Закон за заштита на македонските национални земјоделски производи.










