Бизнисите во регионот на Западниот Балкан се соочуваат главно со проблеми поврзани со нелојалната конкуренција во неформалниот сектор, покажало истражувањето на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во 6 земји од регионот, во кое биле опфатени сопственици или врвни менаџери од 1.800 фирми.
Вести
-
Економија 03.02.2017 12:47
-
Македонија 03.02.2017 12:42
МНР: Соседите да се занимаваат со своите проблеми, не со Македонија
Македонското Министерство за надворешни работи му одговори на албанскиот премиер, Еди Рама, кој за тамошен медиум изјави дека не е важно кој ќе формира влада, туку е важна албанската платформа.
-
Македонија 03.02.2017 12:39
Управниот суд ја одби тужбата на Неделкова
Управниот суд ja одби тужбата на судијката Лидија Неделкова за повторување на вонредното оценување на Судскиот совет. Судот го одбил и барањето за времена мерка за стопирање на изборот на претседател на Врховниот суд.
-
Свет 03.02.2017 12:11
Матис ја предупреди Северна Кореја
Новиот американски министер за одбрана Џејмс Матис ја предупреди Северна Кореја да не употребува нуклеарно оружје. За време на посетата на Јужна Кореја, Матис најави дека доколку Пјонгјанг не ги послуша, Вашингтон ќе одговори ефикасно и брзо.
-
Македонија 03.02.2017 11:26
Oдбележување на Светскиот ден за борба против карциномот
Под слоганoт „Ние можеме, јас можам” утре ќе се одбележи Светски ден за борба против карциномот и се повикува на активно вклучување на поединците, заедницата, и надлежните институции со цел превенција и намалување на последиците од појавата на карциномите.
-
Свет 03.02.2017 11:03
Продолжуваат протестите во Романија, премиерот не ја повлекува одлуката
Над 250 илјади демонстранти во Букурешт протестираат против уредбата со која се ублажува законот за корупција. Премиерот на Романија најави дека не планира да ја повлече спорната одлука која се однесува на политичарите.
-
Економија 03.02.2017 10:50
Фонд за иновации: Четврти повик за проекти на „старт-ап“ и „спин-оф“ компании
Фондот за иновации и технолошки развој денеска го објави четвртиот повик за поднесување предлог-проекти за инструментот за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и „спин-оф“ и за кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.
-
Свет 03.02.2017 10:40
Вучиќ: Белград направи многу компромиси, најважно е да се зачува мирот
Српскиот премиер Александар Вучиќ по влошувањето на односите со Приштина посочи дека состојбата е напната и дека косовскиот премиер Иса Мустафа ги подготвува вооружените специјалци за упад во северните општини.
-
Економија 03.02.2017 10:36
Регистар: Почна запишувањето на новите земјоделски стопанства
Од 1-ви февруари до 15-ти март оваа година земјоделците и новите земјоделски фирми доколку сакаат да добијат субвенции од државта ќе мора да се запишат во Регистарот за земјоделски стопанства.
Оваа обврска ја имаа и оние кои направиле промени во сопственичката структура.
-
Македонија 03.02.2017 10:33
Тонер: Стејт Департментот ја поддржува работата на амбасадорот Бејли
Американскиот Стејт Департмент ја поддржува работата на амбасадорот Џес Бејли- вели во изјавата за Гласот на Америка на Македонски, вршитетелот на должност- портпарол Марк Тонер.
Тонер оцени дека амбасадорот Бејли и неговиот тим работат на партнерство со македонските власти.









