Европската Унија очекува претседателот Иванов да ги повика на итна консултација сите политички партии и да определи кој ќе формира широка и стабилна Влада- ова е пораката која денеска во име на ЕК ја испрати портпаролката Маја Коцијанчич.
Вести
-
Македонија 30.01.2017 15:33
-
Свет 30.01.2017 15:29
Почна најголемиот судски процес во историјата на Турција
Во Турција денеска почна најголемиот судски процес во историјата на земјата на лица обвинети за вмешаност во неуспешниот државен удар од јули минатата година, чија цел беше соборување од власт на претседателот Ердоган.
-
Економија 30.01.2017 15:27
Родовиот јаз во платите штетен за економскиот раст
За исто работно време и на исто работно место жените во просек заработуваат за 12 насто помала плата од мажите. Наместо осум часа, за да не постои јазот тие треба да си заминат од работа речиси саат време порано- говорат анализите на Институтот за економски истражувања.
-
Македонија 30.01.2017 15:18
Екстерното тестирање на матурантите се спроведува без проблеми
Почна екстерното тестирање за 18.600 матуранти. Тестирањето ќе трае до крајот на оваа недела, а прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7-ми февруари.
Учениците кои ги анкетиравме велат дека немале проблем, прашањата ги добиле навреме.
-
Македонија 30.01.2017 15:14
Заев: Мандатот за Влада треба нам да ни се даде
Очекувам Иванов да ми го додели мандатот, откако вчеравечер ВМРО-ДПМНЕ не успеа да состави Влада, изјави на денешната конференција за новинарите лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Демократските процеси се почнати, тврди Заев.
-
Македонија 30.01.2017 15:08
Иванов: Дејствување согласно членот 90 од Уставот
По добивање официјално известување од Собранието на Република Македонија, дали мандатарот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада, претседателот Ѓорге Иванов ќе почне консултации со надлежните институции и политичките партии, велат за МИА од Кабинетот на шефот на државата.
-
Свет 30.01.2017 13:38
Трудо:Терористички напад врз муслиманите во Канада
Шестмина загинаа, а осуммина се повредени во џамија во Квебек откако две вооружени лица отвориле оган за време на вечерната молитва. Исламскиот културен центар и порано бил цел на исламофобични напади.
-
Свет 30.01.2017 13:11
Обновени судирите во Украина, загинаа пет војници
Најмалку пет украински војници загинале, а деветмина биле повредени во најновите судири во источниот дел на Украина.
-
Економија 30.01.2017 13:10
Индустриското производство лани со раст од 3,5 проценти
Индустриското производство во минатата година забележа раст од 3,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци, индустриското производство бележи раст од 3,4 проценти во декември минатата година во споредба со декември претходната година.
-
Македонија 30.01.2017 13:03
Брисел: Одговорност од сите субјекти
Бараме одговорност од сите субјекти во земјата. Ова на денешната прес конференција во Брисел го изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.










