Шлаканица од Малта, Малта провцира, предавство од страна на Малта... Ова се дел од насловите во грчките медиуми по повод воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Малта под нашето уставно име.
Вести
-
Македонија 27.01.2017 11:52
-
Свет 27.01.2017 11:21
Словенија ќе ги запира мигрантите без можност за молба за азил
Словенечкиот парламент донесе нацрт-закон за запирање на мигранти на границата со Хрватска без да им даде можност да поднесат молба за азил. Мерката беше одобрена со 47 против 18 пратенички гласа.
-
Свет 27.01.2017 11:06
ПССЕ бара утврдување на правилата за обврските на онлајн медиумите
Парламентарното собрание на Советот на Европа бара да бидат утврдени правилата за обврските на онлајн медиумите и новинарите.
Државите-членки треба да дискутираат за стандардите и механизмите за спречување на нарушување на информациите и манипулација на јавното мислење.
-
Култура 27.01.2017 11:01
Концерт на Македонската филхармонија во чест на Саша Николовски-Ѓумар
Македонската филхармонија на 2-ри февруари во Домот на АРМ ќе одржи симфониски концерт „Поезија и драма“, кој ќе биде посветен на прерано починатиот, еден од најистакнатите македонски музички уметници, диригентот Саша Николовски-Ѓумар (1966-2017).
-
Македонија 27.01.2017 10:56
Истекува рокот за поднесување документи за социјална заштита
Денеска истекува рокот за обнова на документацијата за остварување на правата од областа на социјалната заштита. Од Министерството за труд и социјална политика апелираат сите кои досега тоа не го направиле да се обратат во најблиските центри за социјална заштита и да се пријават.
-
Свет 27.01.2017 10:44
Тереза Меј во посета на САД
„САД и Велика Британија имаат одговорност да воспостават специјални трансатлантски односи на почетокот на една нова ера и се должни повторно заедно да го водат светот“, изјави британската премиерка Тереза Меј, која е во прва посета на САД во оваа функција.
-
Свет 27.01.2017 10:29
Трамп најави поконкретен сојуз со ЕУ
Европа останува сојузник на Соединетите Американски Држави, но европските држави долго време се богатеа на сметка на Америка, е ставот на новиот американски претседател Доналд Трамп.
-
Економија 27.01.2017 10:24
Нови критериуми за субвенционирање на житните култури
Производителите на пченица, житни и индустриски култури доколку употребиле сертифициран семенски материјал ќе добијат иста субвенција како лани од 12.000 денари за хектар.
-
Македонија 27.01.2017 10:21
Претседателот Иванов во Струга приредува прием за дипломатскиот кор
Традиционален прием за дипломатскиот кор приредува претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во Струга, на кој што ќе присуствуваат воените аташеа, претставниците на меѓународните организации и почесните конзули акредитирани во земјава.
-
Македонија 27.01.2017 08:40
Најстудено во Берово, измерени -21 степен
Најстудено изутрина во државава е во Берово, каде се измерени минус 21 степен, по што следат Маврово, со минус 17, Лазарополе, -16, Крушево, Крива Паланка и Струмица, - 14.










