Русија ќе протера 35 дипломати како одговор на вчерашната одлука на американскиот претседател Барак Обама да протера 35 руски дипломати од САД. Тоа го нагласи рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во изјава за медиуми.
Вести
-
Свет 30.12.2016 12:55
-
Македонија 30.12.2016 12:43
Битола: Последни подготовки за дочекот на Новата година
Старата дама Битола блеска во своето новогодишно руво. Одлуката да нема организиран дочек на плоштадот „Магнолија“ не ја намалува моќта на новогодишната магија. На ден до воведот во највеселата ноќ се прават последните подготовки, местото на дочекот веќе е утврдено, а желбите смислени.
-
Македонија 30.12.2016 12:19
Слаб снег на Буково, Плетвар и Страцин
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози.Слаб снег врне во Ресен, Крушево, Маврово и на планиските премини Буково, Плетвар и Страцин, кој не се здржува на коловозот, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во пладневниот извештај за состојбата на патишт
-
Економија 30.12.2016 12:10
Економијата догодина со раст меѓу 3 и 3,5 проценти
Македонската економија следната година се очекува да има раст од 3 проценти според проекцијата на Владата и 3,5 проценти според Народната банка на Република Македонија.
-
Свет 30.12.2016 11:55
На полноќ стартуваше примирјето во Сирија
Примирјето ширум Сирија договорено со посредство на Русија и Турција, стапи на сила на полниќ. Договорот не вклучува терористи како што е Исламската држава.
За сириската Влада, примирјето е можност за политичко решение на речиси 6-годишната војна во таа држава.
-
Македонија 30.12.2016 11:52
Бадник - 6 јануари неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
Бадник - 6 јануари 2017 година (петок) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Министерството, воедно им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.
-
Македонија 30.12.2016 11:50
Новогодишната ноќ на -10 степени
Времето за новогодишната ноќ ќе биде вредно и студено со слаб до умерен северен ветер со температура од -10 до -2 степени.
-
Македонија 30.12.2016 11:30
Изгоре дел од сервис за плински уреди во центарот на Скопје
Во пожарот што избувна денеска околу девет часот во центарот на Скопје, зад „Дрводекор“ изгореа делови од магацин на сервис за вградување плински уреди и од барака со канцеларија.
-
Македонија 30.12.2016 10:49
Завршува првото полугодие, учениците на зимски распуст
За околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци, денеска е последниот училишен ден од првото полугодие на 2016/2017 година. Зимскиот распуст ќе трае до 18 јануари 2017 кога ќе продолжи наставата.
-
Свет 30.12.2016 10:39
Претпазлив оптимизам кај Американците за 2017-та
Американците очекуваат дека во новата 2017-та година ќе бидат во подобра финансиска ситуација, но сепак повеќе ќе штедат наместо да трошат. Мнозинството сакаат да поминуваат повеќе време со роднините и пријателите и да се чувствуваат побезбедно дома и во светот.










