Со преполни торби скопските поштари од дом во дом брзаа да ги поделат новогодишните честитки, се потсетува поштарот Томислав Петрушевски кој 30 години им носел среќа и на децата и на возрасните. Вели насмевката на лицата му го топлела срцето во студените предновогодишни денови.
Вести
-
Македонија 30.12.2016 15:11
-
Економија 30.12.2016 15:03
Поголем слух за барањата на бизнисот
Бизнис- заедницата од Стопанската комора на Северозападна Македонија вели дека не не очекува лесна 2017-та година,со економски раст не поголем од 2,5%.
-
Свет 30.12.2016 14:48
Путин: Потегот на САД е провокација, нема да наседнеме
Наспроти дипломатските очекувања за реципроцитет- пресврт. Рускиот претседател Владимир Путин го одби предлогот на Министерството за надворешни работи да бидат протерани американски дипломати, откако Вашингтон спроведе таква санкција против официјална Москва.
-
Македонија 30.12.2016 14:40
Кандидатите за полицајци кои ја завршиле обуката бараат вработување
Околу 660 кандидати кои ја завршија обуката за полицајци и на 8-ми октомври положија свечена заклетва, бараат да ги склучат договорите за вработување со Министерстворто за внатрешни работи. Велат- сакаме да го покажеме она за кое макотрпно и деноноќно се боревме и усовршувавме.
-
Македонија 30.12.2016 14:32
Конститутивна седница на деветиот собраниски состав
На конститутивната седница на Собранието на Република Македонија присуствуваат 118 од 120-те избрани пратеници на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 11 декември.
-
Свет 30.12.2016 13:54
Бразилската полиција трага по грчкиот амбасадор
Бразилската полиција трага по амбасадорот на Грција кој бил на одмор со семејството во Рио.
Автомобилот на дипломатот Киријакос Амиридис бил пронајден со остатоци од изгорен човечки труп. Дипломатската кариера на Амиридис почнала во 1985 година, а во Бразил дошол годинава.
-
Македонија 30.12.2016 13:36
Топла облека за бездомниците од пунктот во Момин Поток
Педесетина лица кои ги користат услугите на Пунктот и Прифатилиштето за бездомници во Момин Поток денеска добија пакети со топла облека.
-
Свет 30.12.2016 12:55
Реципрочни мерки: Русија протерува 35 американски дипломати
Русија ќе протера 35 дипломати како одговор на вчерашната одлука на американскиот претседател Барак Обама да протера 35 руски дипломати од САД. Тоа го нагласи рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во изјава за медиуми.
-
Македонија 30.12.2016 12:43
Битола: Последни подготовки за дочекот на Новата година
Старата дама Битола блеска во своето новогодишно руво. Одлуката да нема организиран дочек на плоштадот „Магнолија“ не ја намалува моќта на новогодишната магија. На ден до воведот во највеселата ноќ се прават последните подготовки, местото на дочекот веќе е утврдено, а желбите смислени.
-
Македонија 30.12.2016 12:19
Слаб снег на Буково, Плетвар и Страцин
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози.Слаб снег врне во Ресен, Крушево, Маврово и на планиските премини Буково, Плетвар и Страцин, кој не се здржува на коловозот, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во пладневниот извештај за состојбата на патишт










