По втор пат, германската канцеларка Ангела Меркел нема да присуствува на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.
Вести
-
Свет 04.01.2017 11:07
-
Македонија 04.01.2017 10:47
Пратениците треба да достават анкетни листови до Антикорупциска
Новите 120 народни избраници, како и пратениците од претходниот состав на Собранието, до 30-ти јануари треба да поднесат анкетен лист и изјава за имотната состојба до Државната комисија за спречување на корупцијата.
-
Свет 04.01.2017 10:43
Продолжена вонредна состојба во Турција за уште три месеци
Парламентот на Турција ја продолжи вонредната состојба за уште три месеци. Властите ја воведоа по неуспешниот обид за државен удар од 15 јули за што го обвинуваат имамот Фетула Ѓулен.
-
Економија 04.01.2017 10:39
Пријавување данок за земјоделство до 31-ви јануари
Земјоделците кои во 2016-та година заработиле до 5 илјади евра целосно се ослободние од плаќањето данок на доход. За заработени повеќе од 21 илјада евра даночното олеснување е 80 проценти од остварениот приход.
-
Македонија 04.01.2017 08:30
Најмногу снег во Маврово и Лазарополе
Највисока снежна покривка од 15 сантиметри, изутринава во осум часот е измерена во Маврово, девет сантиметри снег има во Лазарополе, седум во Дебар, четири во Тетово, три во Пожаране, а еден сантиметар во Берово, Крушево и Виница.
-
Македонија 04.01.2017 08:24
Јавна седница на ДКСК
Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе одржи јавна седница.
-
Македонија 04.01.2017 08:17
Сообраќајот без застои, слаб снег на неколку патни правци
Сообраќајот на патиштата низ Македонија се одвива без забрани по влажни коловози. Слаб снег врне во Кочани, Делчево, Берово, Крива Паланка, Страцин, Кичево и Прилеп и на планиските премини Маврово, Стража, Железнец, Пресека и Буково, кој не се задржува на коловозот.
-
Свет 03.01.2017 16:14
Турција: Идентификуван напаѓачот од Истанбул
Напаѓачот кој за време на новогодишната ноќ во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул уби 39 луѓе е идентификуван како Јахе Машрапов, роден 2 август 1988, во Киргистан. Светските медиуми објавија слика од првата страница со фотографија од неговиот киргистански пасош.
-
Свет 03.01.2017 15:55
Вашингтон се подготвува за инаугурацијата на Трамп
Инаугурацијата ќе започне на 19-ти јануари со положување венци цвеќе на гробиштата Арлингтон од страна на новиот американски претседател Доналд Трамп и потпретседател Мајк Пенс. Вечерта ќе се одржи концерт на Линколн Меморијал за воените сили и спасувачките екипи.
-
Македонија 03.01.2017 15:38
Градски превоз: Хартиените билети заминаа во историјата
Хартиените билети заминаа во историјата, а во градскиот превоз на метрополата загосподарија електронските билети. На ЈСП му се приклучија и приватните превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, а без оглед на бројот на патници во автобусот, фирмите ќе добиваат пари според изминатите километри.









