Рускиот претседател Владимир Путин е во посета на Турција, каде што ќе учествува на 23. Светски енергетски конгрес во Истанбул.
Вести
-
Свет 10.10.2016 13:20
-
Македонија 10.10.2016 13:07
Есенска сесија на ПССЕ
Во Стразбур редовна сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа. Обраќања ќе имаат францускиот претседател Оланд, германскиот сојузен министер за надворешни работи Штајнмаер и турскиот шеф на дипломатијата Чавушоглу.
-
Македонија 10.10.2016 12:48
Продолжува судскиот процес „Диво насеље“
Продолжува судскиот процес за терористичкиот инцидент во кумановската Дива населба. Се изведуваат пишаните докази на обвинителство.
-
Свет 10.10.2016 12:29
Колумбискиот претседател ќе ги донира парите од Нобеловата награда за жртвите од војната со ФАРК
Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос ќе ги донира парите од Нобеловата награда за мир за жртвите од 52-годишниот воен конфликт со бунтовниците на ФАРК.
-
Македонија 10.10.2016 12:26
Притвор за четири лица осомничени за обид за грабеж на бензинска пумпа во Гостивар
Основното јавно обвинителство – Гостивар донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица од Гостивар и едно од Тетово, осомничени за сторено кривично дело разбојништво.
-
Култура 10.10.2016 12:24
Објавени добитниците на државната награда „23 Октомври“ за 2016
За остварување во областа на културата и уметноста годинашни добитници на државната награда „23 Октомври“ се музичкиот уметник Драган Даутовски, актерот Иван Петрушевски и ликовниот уметник Реџаи Исени, соопштија од Министерството за култура.
-
Македонија 10.10.2016 12:09
Продолжување на кризната состојба на јужната граница до јуни 2017-та година
Членовите на Комисијата за одбрана и безбедност дадоа зелено светло на владината предлог-одлука за уште едно шест месечно продолжување на кризната ситуација на јужната граница.
-
Економија 10.10.2016 11:59
Германски „Костал“ почнува со производство во Македонија
Германската компанија Костал денеска ќе го означи почетокот на производството во Македонија.
Капацитетот е лоциран во Охрид, како браунфил инвестиција во поранешен ЕМО во село Косел. Подоцна се планира да изгради и сопствен капацитет. Најавено е реализација на 1000 нови работни места.
-
Македонија 10.10.2016 11:54
МАНУ одбележува 49 години од основањето
Македонската Академија на науките и уметностите одбележува 49 години од своето основање. По тој повод се одржува научна конференција за состојбите и перспективите во високото образование.
-
Македонија 10.10.2016 11:47
Жител на крушевско Алданци осомничен за братоубиство
Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп до судија на претходна постапка поднесе барање за определување на мерка притвор за едно лице од с. Алданци, Крушево, за кое постои основано сомнение дека сторил кривични дела – убиство и убиство во обид.










